Како да бидете жена со стил?

Секоја девојка и жена сака да изгледа добро и да има свој сил кој ќе се препознава. Да започнеме од тоа што значи една девојка или жена “да има стил“. Тоа се однесува како да се избере облека која идеално одговара на вашиот карактер и она што сте вие. Секако тоа да биде проследено со добар избор на комбинации за пригодата за која се дотерувате, работа, средба со пријателите, состаноци, веселби или сл. Сето ова треба да биде модерно и во тренд, а како тоа да го исполните прочитајте преку следните три препораки:

Следете примери – што подобро од тоа да пронајдете добар стил кој вам ви прилега и одговара на карактерот и да го следите. Можете да ги следите на социјалните медиуми, преку модните списанија, преку ТВ емисиите ии магазините. Одберете ја девојката или жената за чиј стил добро се зборува и почнете да го градите вашиот.

Имајте став – имате голем број на комбинации кои ги преферирате, сепак дали тие сосема ви одговараат… одберете ги комбинациите со кои ќе имате стил и убав изглед, а сите други редуцирајте ги, а можете и дел да подарите на други девојки или жени на кои ќе им одговараат.

Почнете со мали чекори – секој почеток на нов стил е процес кој треба да се пројде, затоа правете мали но сигурни чекори без да експериментирате со изгледот. Секоја промена во стилот треба да се прави мудро, со цел да имате навистина добар и впечатли изглед. Тогаш кога ќе сте сигурни дека сте го избрале стилот кој ви одговара, можете да почнете со експерименти за нови модни комбинации кои ќе бидат подобрено ниво на вашиот стил.

Секоја девојка и жена го рефлектира својот карактер, затоа бидете секогаш весели, заљубени и уживајте ги модните комбинации кои сигурно ќе бидат во супер тренди стил!

 

x

Check Also

Неделен хороскоп (30.март до 5.април): Топ знаци на неделата – Близнаци, Вага и Водолија

Оваа недела планетата Марс ќе го напушти знакот на Јарец за да ...