Како да ги раширите тесните кожени чевли

Секој од нас веројатно се соочил со слична ситуација, да купи нови чевли, но подоцна да увиди дека се сепак, тесни.

Ако чевлите се од кожа, тогаш нема место за грижа. Тие можат да се рашират со помош на трикот со мраз.

cevli 1

Еве како тоа да го направите. Земете две пластични ќеси кои можат да се затворат. Ставете во нив 250 мл. вода.

Ќесите со вода (затворени) ставете ги во чевлите и потоа чевлите ставете ги во уште една тенка ќеса за да ги сместите во замрзнувач.

Оставете ги во замрзнувачот три-четири часа, во меѓувреме водата во нив ќе стане мраз. Извадете ги од замрзнувачот и оставете ги половина час на собна температура за мразот да се стопи.

Најпосле извадете ги ќесите од чевлите, а чевлите исушете ги со фен.

Видеото детално ве води низ постапката.

После оваа постапка вашите кожени чевли ќе станат комотни и пријатни за носење.

 

x

Check Also

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (од 21 до 27 септември): Жешка недела за огнените знаци!

Оваа недела продолжува транзитот на Венера во знакот Лав, што ќе им ...