Како да ги разбудите „пеперутките“ во стомакот во долга врска

Истите ритуали со партнерот секој ден ги гледате заедно вашите омилени серии со многу храна, освен што може да ве угои може да ви стане монотоно и здодевно. Не седите со скрстени раце, туку внесете возбуда и промена во вашата врска а со тоа ќе ја подобрите конекцијата помеѓу вас и вашиот партнер, но исто така ќе ги врати пеперутките во вашиот стомак што ги имавте на првите состаноци. Ако јануари ви ги испразни вашите џебови, еве неколку интересни идеи за состанок кои ќе ја вратат романсата во вашиот живот.

Прошетајте на планина

Искачете се на најблиската планина и уживајте во прекрасните погледи и снежно-белата природа. Неколку часови поминати со вашиот партнер во одење и зборување ќе ја зголеми поврзаноста помеѓу вас. Доколку не можете на планина, одете на прошетка во парк или на кеј. Прошетките ќе делуваат релаксирачки и за двајцата и може да го бакнувате постојано.

Утринско кафе

Сите сакаат да излегуваат на скапи вечери во ресторан и кафана, како и на „по еден“ пијалок во локалниот бар. Колку и да звучи ова убаво и интересно, можете едноставно да го замените со утринско кафе или чај во блискиот кафе бар.

Нема апсолутно ништо поубаво од тоа да го поминете утрото од викендот со вашиот партнер. Можете да си купите и весник да го почувствувате мирисот на весникот и кафето, но и парфемот на вашиот партнер за убав ден.

Поминете ја вечерта играјќи друштвени игри

Организирајте вечер со вашиот партнер и блиските пријатели која ќе ја поминете играјќи друштвени игри како монопол, ризик или брич. Вечер помината во компетитивни игри ќе биде интересна и многу забавна.

Еротска масажа

После стресна недела на работа, претворете ја вашата спална во сензуална одаја. Понудете се да го измасирате вашиот партнер. Не само што ќе го намали стресот и болката, туку и сигурно ќе го подобри вашето расположение. Се што ви е потребно е крпа и лубрикантот на Durex 2 во 1, Гуарана кој може да се користи и за масажа. Ако не сте сигурни од каде да почнете, прашајте го партнерот во кој дел на телото чувствува болки и започнете од таму. Масирајте го сензуално и еротски со воздишки. Побрзо од што очекувате ќе се појави и потребата од кондом, па затоа имајте си подготвено и Durex Real Feel кондом при рака.

Направете си ваш полу-пансион  

По сите новогодишни и божиќни трошоци, со пари нема да стоите најдобро. Како и да е, можете да поминете викенд заедно со вашиот партнер кај вас или кај неа, сé што ви е потребно е снабден фрижидер со одлично вино и храна, како и миризливи свеќи. Можете да си ја наполните кадата заедно, да гледате филмови гушнати под ќебе а наутро пред туширање, утринскиот секс ќе ве разбуди за добро утро, и за тоа ви го препорачуваме Perfect Glide лубрикантот во комбинација со Invisible кондомите на Durex …

Гответе заедно

Изненадете го вашиот партнер со тоа што ќе зготвите за него вкусно јадење. Без оглед на тоа дали омилени ви се тестенини или сакате да пробате нешто ново, готвењето заедно може да претставува едно прекрасно искуство и за двајцата. Најдете некој рецепт на интернет што ќе ви фати око и бон апетит.

Гледајте филм

Направете пуканки, земетего омилениот пијалок на партнерот и единствено нешто што ќе ви фали е ќебенце и секако “заштита“ за кога работите ќе станат поинтересни.

x

Check Also

Над 300 млади пливачи на Зимското национално првенство во мали базени

Зимско национално првенство во мали базени се одржа во Спортскиот Центар Борис Трајковски во ...