Како да ги сокриете само пробламатичните вишоци на телото

Секоја жена знае како е да се бориш со проблематични делови од телото. Без оглед на тоа колку е самоуверена, проблематичните делови можат да ја исфрустрираат или барем да се чувствува непријатно. Се разбира, „ножот“ и операцијата не се опција што ги привлекува повеќето жени. Постојат многу безболни начини да се камуфлираат овие проблеми. Обидете се со трикови со облека и додатоци паметно да го прикриете она што сакате да го прикриете.

Нета Лула и Ниша Куднани објаснија како да го свртите вниманието од проблематичните делови користејќи соодветен додаток и ни открија уште неколку трикови.

Опуштен стомак

Ако мислите дека стомакот е еден од најпроблематичните делови на вашето тело и имате вишок килограми токму на стомакот, фокусирајте се на носење фустани со висок струк или носење на ремен веднаш под градите. Друга опција е лабав појас околу половината, долги ѓердани и марами околу вратот, лежерно врзани во триаголник. Наместо маици, носете поширока блуза во комбинација со здолниште со молив крој.

Опуштени раце и колкови

Потемните бои се добар начин да ги прикријат нерамнотежите на вашето тело. Ако имате пошироки колкови или половина од остатокот од телото, избегнувајте ремени. За опуштени надлактици избегнувајте дебели бретели, долги ракави и „паф“ ракави, бидејќи на тој начин ќе привлечете внимание кон делот што сакате да го скриете. Плисирано или набрано и украсено деколте или пак, интересно ланче ќе го насочат вниманието точно таму каде што треба.

Широко чело

Ако имате широко чело, тогаш капите, шапките и лентите за глава ќе ви помогнат да го прикриете. Исто така, одвлечете го вниманието од челото носејќи шишки или косата чешлајте ја на страничен патец.

„Перничиња“ на колковите

Никогаш не носете ремен на фармерките и одберете фармерки за број поголеми, со цел да избегнете отцртување во таа област. Фармерки со висок струк и фустани со А крој ќе помогнат да се сокријат „перничињата“. Слободно носете и фустани кои се шират од струкот надолу.

Краток врат

Носете долги обетки за да создадете илузија на подолг врат. Додека V и U деколтеата визуелно го издолжуваат вратот, нежните долги ѓердани со голем приврзок ќе направат да изгледате смело.
Друго решение е да носите шал или марама околу вратот, а краевите слободно да паѓаат.

Подбрадок

Избегнувајте ѓердани околу вратот и наместо нив, носете подолги парчиња накит од вратот. Деколтето или изрезот на горниот дел од облеката треба да бидат поголемо или подолго, со цел линијата на брадата да биде подобро дефинирана.

Мали гради

Ако не сте надарени во горниот дел од телото, не очајувајте. Носете облека што е збрчкана и побогата во пределот на градите бидејќи тоа ќе ви даде пополн изглед.
Обидете се со ролки за да ги потенцирате градите. Носете јаки и ѓердани поблиску до вратот, така што ефектот на поголемите гради е завршен.

Широки рамења

Нета предлага „раглан“ ракави или блузи со ролка како едноставно решение за визуелно намалување на широките раменици. Не носете облека што има украси или везови на рамената. Држете се подалеку од јаки и фустани со прерамки.

Широк нос

Ако широкиот нос е кошмар за вас, оставете ја косата да падне природно и опуштено на лицето. Избегнувајте носење капи и шапки; наместо тоа, подигнете ја косата, но така што таа лесно ќе паѓа на страните.

Големи гради

Ако природата ве обдарила со големи гради, а вие не сте многу задоволни од тоа, носете долги ѓердани и марами. Избегнувајте квадратни марами, ролки и додаток што се носи цврсто околу вратот.

Големи стапала и нозе

Избегнувајте сандали со ремени во форма на Т. Изберете чевли со затворени прсти. Идеалната должина на панталоните треба да биде, за вас, под глуждот. Исто така, избегнувајте панталони со должина до глуждот или кратки здолништа што можат да ги истакнат глуждовите и стапалата.

 

x

Check Also

Запознајте го HUAWEI nova 9 – динамичен и стилски паметен телефон

HUAWEI nova 9 ќе ви помогне да ја изразите својата индивидуалност благодарение ...