Како да го подготвите најпознатиот бразилски коктел – Каипириња

За добро расположение во летните денови дегустрирајте го освежителниот бразилски коктел подготвен според оригиналниот рецепт.

Можеби сте дегустирале различни видови на популарниот пијалак Каипириња, но ние ви предлагаме да ја пробате подготвена по оригинален бразилски рецепт.

Потребно е – половина лимета, 1 лажичка шеќер, 75 милилитри Кашаса (вид на рум од шеќерна трска) и чаша мраз.

Подготовка – Голема чаша наполнете со претходно ситно издробен мраз, потоа исцедете една четвртина лимета (од половината потребна лимета), па додадете го шеќерот. Потоа додадете ја Кашасата и добро измешајте со лажица.

Коктелот сервирајте го во ниска чаша. Остнатата лимета исечете ја на половина, едното парче ставете го во чашата, а со другото декорирајте ја.

Доколку немате Кашаса може да се користи темен рум, но во тој случај пијалакот се вика Каипирисима.

x

Check Also

Петочки Midday Madness забава со KiNK од 17 часот во Three Kitchen & Bar

По некое време, повторно журка продуцирана по светски стандарди со врвен артист, ...