Како да го решите станбеното прашање за вашите деца

Доскорешната достапност на станбените кредити и висината на каматите ни наметнаа размислување за станбен кредит само доколку решавањето на станбеното прашање е ургентно, неопходно или потребно. Но, со последната појава на станбен кредит од СилкРоуд банка, суштински се менува перцепцијата за склучување договор за станбен кредит.

Со најниската фиксна каматна стапка од ЕУР2,9% и МКД3,9% во првите три години, и ЕУР/МКД 5,85% во преостанатиот период, веќе можете да размислувате за решавање на станбеното прашање за вашето дете тинејџер или за осамостојување и одделно живеалиште на студентот. Со вакви  можности кон станбените кредити не треба да се гледа како товар, туку како вистинска инвестиција во недвижен имот кој ќе биде под ваша лична сопственост, ќе овозможи да имате свое место за потребите на семејството, проширување и збогатување или пак обезбедена иднина за вашите деца и сигурност во нивниот живот.

Дополнителна поволност на оваа понуда е тоа што нема дополнителни трошоци, односно трошоците за процена, аплицирање и администрирање на кредитот се 0 денари во промотивниот период кој трае до 31ви март, 2017 година. Потребното учество од ваша страна изнесува 20% од големината на кредитот или само 15% доколку се решите да купите стан од градежна фирма со која СилкРоуд Банка има воспоставено соработка. А висината на месечните исплати зависи од повеќе фактори: од учеството кое ќе го исплатите со подигнување на кредитот, рокот на исплата и изборот на станбен кредит кој ќе се совпаѓа со вашите потреби и можности. На располагање ви стојат кредити во износ до 150 000 евра со рок на отплата до 30 години.

Правилниот избор на кредит со најниска каматна стапка ќе го одведе вашето семејство во сигурна иднина под ваш сопствен и нов дом.

 

 

x

Check Also

Започна продажбата на HUAWEI MateBook 14s на македонскиот пазар

Потрошувачите кои ќе го купат уредот до 31 јануари 2022 година добиваат ...