Како да го спречите опуштањето на кожата после слабеење

Откако брзо ќе загубите килограми, неретко се случува кожата да се опушти и растегне. За да го избегнете тоа во најголема мера, неопходно е да се придржувате до одредени совети и препораки.

Протеини

Овозможуваат да се изгради мускулната маса, па вашето тело ќе биде позатегнато. Посните меса исто така содржат колаген и многубројни останати нутриенти кои на кожата ѝдаваат еластичност.

Минерален пилинг

Пилинг со минерални соли ја поттикнува циркулацијата и ја обновува кожата, која ќе биде поздрава и поеластична. Добриот пилинг од три до четири пати неделно може да направи чуда за вашата кожа.

Бадемово масло

Тоа е препарат за хидратација и нега на кожа кое ќе ги ублажи стриите. Само лажичка масло дневно, нанесена на критичните места, ќе направи вашата кожа да биде помека и затегната.

Редовна хидратација

Здравата кожа е хидрирана кожа, зашто водата ги носи токсините од организмот, што многу бргу ќе се забележи на вашиот тен.

Сирова исхрана

За на телото да му ги обезбедите сите неопходни нутриенти, потрудете се во исхраната да ги воведете пресните намирници и да јадете што повеќе зелен зеленчук. Вашата кожа набргу ќе сјае.

x

Check Also

Што треба да појадувате ако сакате да слабеете?

Дали претпоставувате што треба да појадувате ако сакакте да слабеете? Макмода ви ...