Како да ги искомбинирате чорапите за впечатлив изглед?

Маички, здолништа, фустанчиња за неа или вратоврски, кошули за него.. трендови насекаде околу нас, но што да искомбинирате за да имате навистина впечатлив изглед? Шик, тренди и уникатен! Чорапи! Веќе неколку сезони се појавуваат во повеќе форми и бои, но оваа година се омиленото модно парче кај сите! Еднобојни, шарени, кратки до глуждот, високи до колена – изборот е ваш!

Девојки вие одберете да бидете забавни и откачени. Момци, вие зачекорете први во новиот тренд. За најмалите, одберете слатки дезени.

Смелите девојки може да искомбинираат
повеќе линии и различни дезени на чорапи доколку имаат чевли кои се поотворени, а доколку имаат кратки чизмички – може да одберат и повисоки чорапи над глуждот. За удобните патики најдобар избор се чорапите во силни бои. Искоминирајте ги со боите на облеката која сте ја одбрале за пригодата, но и според вашата фигура. Одберете топчести дезени или линии за да внесете геометриски форми во аутфитот или листови и цветови кои се во склад со пролетните денови.

Sara Fashion – сет од 3 пара чорапи = 109 ден.

Sara Fashiоn – женски чорапи 69 ден.

Момците кои сакаат софистицираност и се љубители на елегантни чевли, можат да изберат од палетата на земјените тонови: црна, тегет, сива, кафеава и сл. Она што е особено важно, комбинирајте ги чорапите со пантолоните, а не со чевлите. Доколку сакате да негувате тренд изглед кој ќе биде надополнет со храбар избор на боја и дезени на чорапи – поиграјте си со нијансите и формите. Може тоа да биде жолта, црвена, боја или геометриски форми, коцки, триаголници и сл. Вие сте предвесникот на трендот!

Sara Fashion – машки чорапи = 35 ден.

Sara Fashion – сет од 3 пара чорапи = 109 ден.

За дечињата на кои им треба удобен чекор, одберете фини материјали кои ќе значат пријатност при носењето. Исто така кај нив одберете меѓу силни бои со фигури или пастелни нијанси со анимал принтови – ќе ги обожуваат!

Sara Fashion – сет од 3 пара детски чорапи = 109 ден.

x

Check Also

Мрзлив викенд е да си шопингуваш од дома преку апликација на -15%

Недела е прекрасен ден да си бидете дома, да си уживате сами, ...