Како да изгледате послаби во костим за капење

„Пет минути“ пред поаѓање на годишен одмор и немате време за никаква диета, па како да изгледат повитки во бикини?

Фит советникот Кендис Драпер ги советува девојките кои купуваат бикини како да изгледаат повитки во нив. Таа вели дека главно прашање на најголем број девојки е како да не изгледам дебела во бикини.

Еве ги советите на Кендис.

Прво, објаснува таа, употребете крема за самопотемнување зашто визуелно темниот тен на кожата ќе ве направи повитки.

Второ, нанесете антицелулитна крема, која ќе го затегне телото. Кремата нанесете ја на стомакот, задникот и на колковите.

Појадувајте лесен појадок полн со протеини за да ве држи сити во текот на денот.

Доколку одите на коктел забава држете се понастрана од апетисаните и слатките зашто тие ќе направат да се чувствувате потромаво.

Наметката која ја носите врз бикините е многу важна. Одберете убава и подолга наметка за да се чувствувате пријатно, како во убав фустан.

x

Check Also

Доделени наградите на затворањето на 18. CINEDAYS

Со прогласувањето на наградените филмови и премиерата на филмот „Зад хоризонтот“ на ...