Како да изгледате убаво на фотографија кога знаете дека ве фотографираат

Зошто на некои фотографии изгледаме повесели, повитки и поубави отколку на некои други. Најуспешните фотографии се всушност оние кои не се „наместени“, на кои сме фотографирани спонтано и на кои сме природни и насмеани, а доколку мора да се наместите пред фото-објективот земете ги предвид следниве трикчиња.

Гледајте малку над објективот на фотоапаратот

Секој професионален фотограф би ве посоветувал наместо директно во објективот, гледајте малку над него. На фотографијата ќе изгледате сепак дека гледате во оној што ве фотографира, а очите ќе останат отворени и сјајни. Ова е еден од најлесните начини да изгледате одлично на секоја фотографија.

Завртете ја главата малку кон лево

Истражувањата покажаа дека за да ги нагласите емоциите на лицето, при фотографирањето треба главата да се заврти благо кон десната страна. На фотографијата така ќе изгледате поприродно и посреќни.

Ставете ги рацете на струкот

Кога се фотографирате со вкрстени раце ќе изгледате сериозни и не толку весели на фотографијата. Поприродно ќе изгледате ако со вашите раце го допирате струкот или со едната рака во џебот.

Не употребувајте многу шминка

Ако сакате да изгледате природно на фотографијата, не нанесувајте многу шминка на лицето, особено не на образите за да не изгледате како кловн. Од целата шминка што ја имате само карминот е задолжителен. Малку течна подлога на лицето, нежна нијанса на кармин и маскара се сосема доволни. Избегнувајте го црниот молив за очи, темниот кармин и темната боичка за усни како и силните шминки за очи.

Завртете го телото малку кон лево или десно

Ако стоите право пред фотообјективот, секогаш на фотографијата ќе добиете некој килограм повеќе. За да го избегнете тоа, завртете го телото малку кон лево или кон десно, на тој начин ќе изгледате повитки без оглед на вашата реална тежина.

Релаксирајте се и насмевнете се

Важна е гестикулацијата на лицето. Наместена насмевка секогаш се познава. Затоа мислите на убави нешта додека ве фотографираат или помислете на некоја смешна случка од животот, па природно ќе се насмевнете. Ако обично се смеете со отворена уста, насмевнете се така и пред фотообјективот.

 

x

Check Also

Класично сина – боја на 2020 година според „Пантоне“

Италијанскиот Институт за бои, престижниот „Пантоне“ ја објави бојата на годината која ...