Како да изгледате тренди во зима?

Би го започнале текстот како што би ги започнале есеите во основно училиште од домашната задача по предметот Македонски јазик.. “Зимата дојде..“ но овој пат реченицата ќе ја продолжиме во модно издание..

Зимата дојде, а МакМода ви дава идеја за најтренди изглед овие денови. Што подобро од спој на џемпер-дуксер од плетенини и здолниште? Отворете ги ширум плакарите од вашиот гардеробер и направете аутфит комбинации кои ќе ги обожувате оваа зима.

Топлиот џемпер во комбинација со здолниште во сите должини, мини, должина до колената или миди, искористете го за дневни или вечерни излегувања во зависност од материјалот. Лелеави, еко-кожа, со ремени, паднелки, изборот е голем, а постигнете супер ефект со oversized џемпер и припиено мини здолниште или колоритни плетенини со миди здолништа за впечатлив изглед. Додадете интересна форма или боја на чанта и дополнете го зимскиот аутфит со трендовски капи или шапки, а секако чизмите до глужд или чизмите над колена се деталот со кој ќе го постигнете посакуваниот изглед.

Која комбинација ќе ја облечете вие?

x

Check Also

Samsung го претстави најновиот член на Galaxy A фамилијата – моделот A31

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. денес го претстави Galaxy A31, смарт телефон кој доаѓа ...