Како да ја препознаете лажната Гучи чанта

До пред неколку години лесно се препознаваа по низа детаљи, денес некои од лажните Гучи чанти се толку вешто изработени што треба да поминеме низ мини обука за да ги препознаеме.

guci 2

Прво и основно: серијскиот број кој се наоѓа сокриен во џебот на чантата. Оригиналните Гучи чанти, како и чантите на Луј Витон, секогаш го имаат. Лажните никогаш.

Ако е материјалот кожа, тогаш мора да мириса на кожа. Ако е чантата платнена тогаш мора да биде цврста.

Внатрешната постава кај лажните чанти често е со лош квалитет и боја која не е соодветна на дизајнот. Лажните чанти често имаат посветла постава од оригиналните.

guci 3

Оригиналните чанти имаат лого и на внатрешната страна. Логото е втиснато во кожата или рачно беспрекорно сошиено. Денес добар дел од од лажните Гучи чанти имаат слично лого (сошиено ама не и совршено), а поочигледните „фејкови“ воопшто го немаат.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...