Како да направите пица Маргерита по оригиналниот рецепт

Рафаеле Еспосито се смета за таткото на популарната и наједноставната пица наречена Мергерита.

Според сочуваните документи, прочуената пица Маргерита  за првпат е создадена во 1899 година од готвачот Рафаеле Еспосито, сопственик на пицерија во Неапол кој бил повикан да направи специјалитет за кралицата Маргерита Марија Тереза Џована ди Савоја, сопруга на италијанскиот крал Умберто Први кој владеел од 1878 до 1900 година. Готвачот од Неапол така ја смислува новата пица која го носи името на кралицата.

Интересно е што славната пица всушност има многу едноставен рецепт и за да се подготви се користат само неколку намирници – брашно, квасец, вода, сол, домати, пармезан, моцарела, босилек и маслиново масло. Еспосито со овие намирници всушност сакал само да направи специјалитет кој освен што ќе биде вкусен ќе ги содржи боите на италијанското знаме.

Според други документи пак, се смета сепак дека оваа пица има многу постаро потекло, повторно од Неапол, но дури од 997 година. Тогаш, наводно била правена без домати.

Како и да е, очигледно е дека наједноставните рецепти се гаранција за вистинска гастрономска слава.

Видеото ќе ве води чекор по чекор како да ја приготвите на оригинален начин една од најпопуларните пици во светот. Тајната ја открива Џенаро, соработник на Џејми Оливер, и голем познавач на италијанската традиционална кујна.

x

Check Also

Три неодоливи рецепти со тиква совршени за студените денови, но и за празничната трпеза

Совршена за студените денови – со тиква може да ги подготвиме нашите ...