Како да направите совршено Мохито

Уживајте во омилениот пијалак на Хемигвеј.

Мохитото е еден од најпопуларните летни коктели и омилен пијалок на Хемингвеј, па до денес се смета дека вистинскиот дом на овој коктел е ресторанот „Ла Бодегита дел Медио“ кој се наоѓа во Хавана, каде Ернест Хемингвеј бил чест гостин.

Еве го рецептот за подготовка на Мохито кое ќе ве разлади каде и да сте.

Потребно е: 60 милилитри бел рум. 2 зелени лимони (лимета). 2 ливчиња босилек. 5 ливчиња нане. 200 дл газирана вода. 2 лажички кафеав шеќер. 4 коцки мраз.

ПодготовкаВо висока чаша ставете го белиот рум, потоа исцедете ги лимоните и додајте ги во румот. Се додаваат 2 ливчиња босилек и 5 ливчиња нане. Потоа се додава и мразот, а на крајот и газираната вода. Сосема на крај се додаваат двете лажички кафеав шеќер.

Уште еднаш добро измешајте и коктелот е подготвен.

x

Check Also

Skopje Beer Fest 2019: Големи музички имиња, повеќе од 30 концерти за 4 дена на 2 бини

Од 12-ти до 15-ти септември на стадионот на АРМ во Градски парк ...