Како да направите трендовски велигденски јајца со риги

Ригите се тренд во пролетните колекции на полуларните модни марки, а овој тренд лесно може да го пренесеме и во украсувањето на велигденските јајца.

Како да направите трендовски велигденски јајца со риги на едноставен начин? Еве ја постапката во три чекори:

Прво, сварете ги јајцата и оставете да се изладат и исушат. Потоа, завиткајте ги јајцата со ластичиња во различни бои , на неколку места. Употребете 5 до 10 ластичиња за едно јајце.

Таквото јајце потопете го во боја и обоите го на вообичаениот начин, а потоа оставете го да се исуши.

Откако сосема ќе се изладат, од јајцата отстранете ги ластичињата. И ќе добиете велигденски јајца со пруги.

 

 

x

Check Also

Хороскоп за јули 2020 година: Сатурн се враќа во Јарец, добри вести за сите земјени знаци!

Во јули планетата Сатурн ќе го напушти знакот на Водолија за да ...