Како да направите здрав сладолед за вашето куче

Како и за луѓето, така и за нашите миленичиња сладоледот е вистинско задоволство во текот на летните денови. Сепак, немојте на вашето куче да му давате сладолед што е наменет за луѓе, туку дома направете кучешки сладолед.

Во блендер помешајте јогурт, банана, две лажици путер од кикиритки или две лажици мед. Состојките миксајте ги додека ја добиете посакуваната густина. Добиената смеса претурете ја во мали садови кои треба да ги замрзнете.

Ова е основниот рецепт за кучешкиот сладолед.

Сепак, освен банана во сладоледот може да додадете малини, капинки, брусници, јагоди, боровници. Сите се тие природни антиоксиданси кои сладоледот освен освежителен ќе го направат и здрав.

Во сладоледот никогаш не ставајте млеко, овошен јогурт, чоколада, шеќер и слични намирници кои се штетни за кучето.

x

Check Also

В недела музички хепенинг на покривот на Џевахир Скај Сити

Жителите на Аеродром и станарите на Џевахир Скај Сити комплексот, овој празничен викенд ќе ...