Како да не „фрлиме“ пари на шопинг на нешто што подоцна нема да ни треба?

Колку пати ви се случило да потрошите „куп пари“ на нешто што мислите дека многу ви треба, а подоцна – откако го имате – се каете дека џабе сте ги фрлиле повторно парите на нешто што воопшто не било неопходно.

И колку и да се колнеме во себе дека следниот пат ќе бидеме внимателни што купуваме, односно дека ќе оддолееме на шопинг манијата, ваквото чувство ни трае кратко време, па грешката набргу ја повторуваме.

Новинарот од „Њујорк Тајмс“, Карл Ричардс, нуди решение кое ни овозможува да си ги сочуваме парите. Имено, тој препорачува да почекаме 72 часа пред да донесеме одлука за купување. Цитирајќи го австрискиот психијатар Виктор Франкл, кој еднаш објасни дека „меѓу стимулот и одговорот постои простор. Во тој простор наша моќ е да го избереме нашиот одговор”, Ричардс објаснува – „Првиот чекор е да се биде во можност да се искористи тој простор, знаејќи дека постои. Вториот чекор е усовршување на уметноста на паузата. Станува збор за едноставен тренинг со кој почнуваме да си ги дефинираме желбите. Какво е чувството кога нешто посакуваме? И дали тоа ќе го посакуваме и утре? Еден од начините да го дефинираме тоа што навистина го посакуваме, е да си дадеме простор од 72 часа!“.

 

x

Check Also

Версаче со ретро кампања и Хелена Кристенсен за празничната сезона

Супермоделот од 90-те години, Хелена Кристенсен заедно со мултимедијалната артистка Сара Бејкер ...