Како да носиме сукња со леопард принт оваа есен, еве 5 идеи

Сите сме „луди“ за сукњите со леопард принт, кои се хит модно парче за оваа есен, но ако размислувате како да ја искомбинирате, еве пет свежи идеи.

Со црна ролка и балетанки

Доколку е сукњата со анимал принт со мини должина, подобро е да го „смирите“ изгледот со црна ролка и чевли без потпетица.

Ролка Примарк, сукња со леопард принт Сен Лоран, балетанки Аквацура

Со бела маичка и патики

Супер впечатлив изглед се постигнува доколку сукњата ја комбинирате со бела маичка и бели кожени патики. И замислете уште сукњата да е свилена!

маичка Етре Сесил, свилена сукња Реализејшн, патики Диор

Со бела кошула и чевли на умерена потпетица

Може да ја облечете дури и на работното место, доколку ја искомбинирате со бела кошула и салонки со умерено висока потпетица.

Бела кошула Кос, Сукња Алтуѕара, чевли Џими Чу

Со нежен топ

Сукњата која е со „молив“ крој, најдобро се носи со нежен топ. Одберете сатенско или свилено модно парче во нежна нијанса.

Топ Нили Лотан, сукња Макс Мара, сандали Џанвито Роси

Со пуловер и ниски чизмички

Сукњата со леопард принт која е со миди должина, одлично „стои“ со чизми со висина до глуждовите и нежен пуловер.

џемпер Аркет, сукња Парош, чизми Пениблек

x

Check Also

Тејлор Хил и сестра ѝ позираат во новогодишната кампања на Polo Ralph Lauren

Моделката и ангел на Викторија сикрет е една од лицата на празничната ...