Како да одберете квалитетна долна облека?

Се прашувате по кои критериуми најдобро се избира долба облека? Што е тоа што на вашиот тип на градба најдобро одговара и кои материјали ќе бидат пријатни за вашата кожа? Дали сте процениле што е тоа што Вам, лично, најдобро ви прилега?

Без разлика дали за себе избирате боксерки, слип или класични модели, танга и слично, мора да знаете на што треба да обрнете внимание кога купувате долна облека.

Проверени производители – најважна ставка

Купувајте од проверен производител. Пазарот е презаситен со разни произведувачи и компании кои изработуваат најразлични модели на долна облека и затоа е тешко да се одбере кој произведувач е најдобар за вас. Најважна работа е долната облека да биде изработена од квалитетни материјали и да пружа максимална удобност. Затоа добриот избор на произведувач од кој ќе купувате долна облека е злато вреден, зашто пред се, стекнал голема доверба кај своите купувачи, а со самото тоа и долгорочни клиенти кои често ќе му се враќаат.

Квалитетет материјал

Со оглед на тоа дека оваа облека директно го допира (и покрива) телото, особено интимните делови, од клучно значење е квалитетот на материјалот. Дали е вештачки или природен? Дали содржи синтетика која ја иритира кожата? Дали долната облека е изработена од 100 отсто памук и дали содржи одредени проценти на еластин во себе кој е многу важна компонента за чувство на удобност? Запомнете дека најдобар избор е памук зашто во пракса се покажал како најпогоден и најпријатен за кожата.

Кога одбирате долна облека задолжително обрнете внимание на составот на материјалот, особено ако имате чувствителна кожа која е подложна на иритација и алергии. Не заборавете дека квалитетни материјали најчесто користат проверени, реномирани производители на долна облека кај кои сигурно ќе најдете се она што е наопходно.

Удобноста на прво место

Квалитетните материјали ќе придонесат да се чувствувате удобно и пријатно, а комфорот е секако нешто што нема цена. Затоа е важно да одберете долна облека која совршено ќе ви одговара и која нема да ве иритира на секој чекор.

Добро водете грижа за големината на долната облека, треба да одберете вистински број за вас, ни претесен ни преширок.

Адекватен модел во согласност со градбата

Важно е да одберете адекватен модел на долна облека во согласност со вашиот тип на градба. Боксерките се одличен избор доколку барате удобност, меѓутоа овој модел нема да прилега на оние кои имаат кратки нозе туку исклучително на оние со атлетска градба со тесен струк. Доколку сакате удобна долна облека, тука се класичните модели, додека за истакнување на сексапилот најдобар избор е тангата од квалитетен материјал.

Крупните лица со поголем стомак би требало да изберат длабока долна облека со висок струк за да го покријат тоа подрачје. Слабите луѓе пак, со долги нозе, можат да носат боксерки, танга, бразилијана и слип модели, додека оние со истакнати облини можат да носат длабоки модели со висок појас.

Различни модели за секоја пригода

Многу важна ставка е кај избор на долната облека да избирате различни модели за различни прилики. За спорт и за тренинг изберете активна долна облека погодна за вакви активности, за елегантни прилики – долна облека која не се оцртува под облеката, за домашна употреба – класични модели и слично.

Не заборавајте дека чистотата е многу важен фактот во одржување на долната облека која ќе трае долга низа години. Водете сметка на начинот на перење според материјалот.

Бојата е важна, белата долна облека е најпогодна

Дали некогаш сте се запрашале зашто белата долна облека најмнгу се препорачува? Постојат две прилини. Првата е дека белата боја е единствена која може да се испере на температура од 90 степени која е најпогодна за ефикасно и длабинско перење на облеката. Другата причина е дека белата долна облека воглавно се прави од природни материјали кои се пријатни за кожата.

Иако разнобојната долна облека е пријатна за окото, таа најчесто е невклоплива во различната гардероба, не е можно да ја перете на висока температура, а многу често се произведува од ефтини материјали како што е синтетика е слично.

x

Check Also

Неделен хороскоп (од 2. до 8.август): Жешка недела за Раковите, љубовни маки за Рибите, многу енергија за Лавовите и Јарците!

Оваа недела планетата Венера е во знакот на Девица и ќе им ...