фото пиксабеј

Како да подготвите вкусна рибја чорба? Едноставно, ако ги знаете потребните намирници и „тајните“ состојки

Ви носиме рецепт за совршена рибја чорба. 

Потребни намирници: 3 филети риба по желба, 1 домат, 1 главица кромид, 2 моркови, целер по желба, 5 чешниња лук, ловоров лист, малку шафран (може но и не мора), малку рузмарин, црн пипер и сол по вкус, 200 мл бело вино, 1 коцка супа од зеленчук, вода.

Подготовка

Исечкајте го зеленчукот на ситни парченца, особено добро изгмечете го лукот, па пропржете го со малку маслиново масло колку да омекне. Зачинете го со сол и црн пипер. Додадете ја коцката супа,виното и филетите риба исечкани на ситно. Покријте ги состојките со вода и оставете да се варат околу половина час.

Пред сервирање на чорбата потпечете лепче премачкано со лук и малку маслиново масло (или путер).

Потоа, сервирајте ја чорбата ставајќи го во неа потпечениот леб (или пак, посебно).

x

Check Also

Грчки колач – Портокалопита по оригинален рецепт

Подгответе го традиционалниот, превкусен колач о Грција, по оригинален рецепт. Потребни намирници ...