Како да препознаете во брзи чекори оригинален парфем од копија

На пазарот често се појавуваат „фејк“ верзии на оригиналните парфеми, па добро е да имате вештина брзо да ги препознаете. Како? Еве неколку основни правила.

Прво правило е дека копиите имаат послатка нота. Второто правило вели дека постојат различни нивоа на миризбата – скапите парфеми траат подолго, а често имаат способност за неколку часа после нанесувањето да сменат три или четири мирисни ноти, додека најдобрите копии во себе содржат максимално две ноти.

За да го проверите вашиот парфем, уверете се во природата на неговата миризба веднаш по нанесувањето и после два или три часа. Копиите ќе ја задржат истата миризба, додека оригиналниот парфем ќе ја промени нотата.

Карактеристично е и дека кај копиите посилно се чувствува алкохолот, зашто содржината на вистинскиот мирис е помала отколку што би требала да биде. Цените се некогаш незначајно различни, а некогаш и значајно пониски отколку во парфимерија, но во секој случај копиите се преценети.

 

x

Check Also

Фризерите би сакале и вие да го знаете ова за вашата коса и фризурите

Понекогаш жените имаат погрешна перцепција за работата на нивниот фризер. Иако цените ...