Како да се нашминкате како моделите на Маргиела од пистата

Со диви коси и откачен мејкап, моделте на ревијата на Мезон Маргиела на модната недела во Париз навистина отстокнуваа од се што видовме до сега.

Иако вакиот изглед можеби ви се чини претеран, веруваме дека многумина брзо ќе го пробаат. Вакиот инспиративен мејкап може да се носи и во реалниот свет, а брилијантниот стилист Пет Мек Грат објаснува и како.

За да се нашминкате како моделите од пистата потребни ви се металик, сребрена и сина сенка и моливче за очи. Со ваквите бои ќе добиете многу нагласени очи.

Сина сенка

model1

Нанесете ја сенката низ целиот очен капак а потоа и малку поиграјте си, цртајќи по некоја форма налик на цвет или ѕвездичка.

model 2

Металик сребрена боичка

Може да си поиграте и со металик сребрената боја користејќи не само сенка во таа нијанса туку секако и боичка, за да можете да формирате „мразулци“ под очите.

model 3

model 4

Не заборавајте на усните

За да го „симнете“ изгледот на моделите од Маргиела, за усните употребете моливче на тој начин што ќе го нанесете само на средината на усните. Потоа карминот нанесете го внимателно со четкичка. Поминете ја усната на краевите со металик или бела сенка за очи, за да го добиете бараниот изглед.

model 5

model 6

x

Check Also

Причини поради кои брзо ви се создаваат брчки на лицето

Создавањето на брчки многу зависи од типот на кожата, но и од ...