Како да се одржи витката линија по откажувањето од најштетниот моден додаток – цигарите

Според статистичките податоци кај 80 проценти од новите  непушачи по неколку месеци на апстиненција телесната тежина се зголемува во просек од седум килограми. Овој проблем може да се избегне со соодветна исхрана, вежбање и, се разбира,со производи од лековити билки.

Експертите посочуваат дека зависноста од никотин само малку е послаба од хероин, што значи дека симптомите на одвикнување се многу изразени. Покрај нервозата и вознемиреноста, се појавува и зголемена потреба за храна и слатки, особено за чоколадо кое го стимулира лачењето на серотонин – хормонот на среќа.

phpThumb_generated_thumbnailjpg

Но, освен краткорочното задоволство, вишокот на консумирање на овој вид на храна исто така носи проблеми, а еден од најголемите е дефинитивно дебелината. Сепак, постојат и луѓе со железна волја кои се воздржуваат од слатките или прекумерното внесување на храна, а сепак  се дебелеат. Добрата вест е дека ова е краткорочна појава и науката има објаснување зошто тоа се случува.

Што се случува со телото кога тоа се одрекува од никотин?

Никотинот ja поттикнува потрошувачката на калории, па во првите два месеца по престанувањето со пушење  задолжително се добиваат неколку килограми, а  доаѓа и до промена во цревната флора . Во истражувањето на швајцарските научници, во кое учествуваа 20 учесници – по пет пушачи и непушачи и 10 луѓе кои престанале да пушат цигари една недела претходно, констатирано е дека  телесната тежина на пушачите кои престанале да пушат само една недела претходно се зголемила и покрај тоа што внесувањето на калории остана исто. Ова се случува затоа што по престанувањето со пушење се формира нова цревна флора  која многу поефикасно ја искористува  енергијата од храната, предизвикувајќи зголемување на телесната тежина .

Проблемот, како што е посочено од страна на истражувачите, може да се реши со соодветна исхрана која ќе ги спречи радикалните промени во составот на цревната флора, додека несогорените калории може да ги потрошите со физичка активност.

Здрава исхрана

Откажувањето од пушење е шок за организмот, па затоа не се препорачуваат драстични промени во вашата исхрана, бидејќи тоа би можело да мултиплицира стрес и да предизвика повеќе штета отколку добро. Најдобро е организмот полека да се навикнува на новата ситуација. Во првите денови по престанувањето на пушење треба да се јадат повеќе помали, различни оброци. Пожелно е во текот на првите две недели да се води дневник и да се запишува сè што се консумира во текот на денот, бидејќи така нема да се претерува . Неопходно е  оброците да се земаат во исто време, а помеѓу да се пие повеќе вода и свежо исцедени сокови.

Чувството на глад се намалува и ако се јаде многу свеж зеленчук

Храната која е богата со витамин Ц ја намалува желбата за никотин, па се препорачува секојдневно консумирање на агруми – лимони, портокали и грејпфрут. Ова овошје е богато со растителни влакна кои го чистат телото, но и со антиоксиданси, инаку одлични заштитници од сите болести. Рибата, јајцата, сојата и оревите се богати со белковини,  даваат чувство на ситост и одржуваат оптимално ниво на шеќерот во крвта.

etdyeb

Идеално мени

Не е препорачливо да се прескокнува појадокот. Корисно е денот да се започне со парче ‘ржан леб со диететски џем и чаша зелен чај. За ужина може да се земе овошје, супа за ручек, печена риба или пилешко месо со обарен зеленчук зачинет со маслиново масло. Попладневната ужина се состои од овошна салата или пијалаци, додека за вечера се препорачува посно месо и салата.

Во откажување од пушењето може да помогне и храната која ја зголемува базноста на телото – овес, суво грозје, бадеми, смокви, спанаќ, бритва, глуварче. Базната храна обезбедува подолга циркулација на никотинот низ телото, а со тоа се намалува потребата од пушење.

Млекото ја потиснува потребата за никотин, а  најдобро е да се пие со малку ниско-масно какао, кое е богато со магнезиум и е одлична замена за чоколадо. Може да му се додаде рогач и цимет бидејќи тие ја намалуваат потребата за слатки и никотин. Наместо цигара во устата држете стапче од цимет и полека цицајте го. Слатката арома на овој ароматичен зачин ќе создаде пријатно чувство во устата и ќе ги смири нервите.

Избегнувајте месо и шеќер

Месото може да предизвика желба да пушење бидејќи, пуринската супстанца која се наоѓа во него го зголемува износот  на амонијак кој се ослободува за време на разградувањето на комплексот на протеини од оваа храна. Овој процес го стимулира централниот нервен систем, создавајќи вознемиреност и ја зајакнува желбата за цигара. Слатките, не се препорачуваат бидејќи тие го намалуваат нивото на витамин Б1, кој е одговорен за зајакнување на нервниот систем. Со секој оброк треба да се внесат две лажици пченични никулци.

Фитотерапија

Тегавецот содржи витамини Ц и К, провитамин А, лимонска киселина и калиум, а научните истражувања покажале дека оваа билка, особено чајот приготвен од листовите, намалување на желбата за пушење ….

Може да се јаде свежа, како салата или да се додаде на јадењата. Валеријаната исто така ја намалува желбата за цигари и опушта, а препорачаната доза е по две шолји на ден. Поради специфичниот мирис и вкус, може да се комбинира со други билки, но никако со оние кои имаат седативно дејство, како што е на пример, камилицата.

kate moss in balmain fashion smoking

Џвакањето на исушен корен на иџирот ја потиснува желбата по никотин, а помага и чајот кој се спрема за на следниов начин : лажичка од ситно исечен корен  прелијте со 2 дл млака вода и оставете го така цела ноќ. Наутро загрејте го, пуштете го кратко да проврие и оставете го поклопен 20-тина минути. Процедете  и пијте го една голтка пред и по секој оброк.

Пијалак од мешавина на хмељ, валеријана и анис одлично средство е за ублажување на апстиненцијална криза : помешајте еднакви делови од билките, па две лажички од смесата прелијте ги со чаша врела вода. Пијте три шолји дневно во голтки.

x

Check Also

Што знаете за третманот за подмладување карбокситерапија?

Карбокситерапијата е третман кој се користи за да се спротивставиме на знаците ...