Како да се ослободите од салото на рацете

Со процесот на стареењето главен проблем почнува да претставува „растресената кожа“ односно сало кое се појавува на горниот внатрешен дел од рацете. Доколку активно вежбате не постои можност да се соочите со ваков проблем, но поголемиот дел од жените се борат да се ослободат од проблемот на „растопените“ мускули.

race 2

Со текот на годините еластичноста на кожата станува послаба, кожата се опушта и ако уште додадете некој килограм повеќе се појавува сало на рацете.

Држете се до трите правила и ослободете се од овој непријатен проблем.

  1. Исхрана

За жал, за почеток ќе мора да го промените вашето дневно мени. На дневното мени додадете ја рибата, особено лососот кој е богат со Омега три и кој и дава на кожата потребна хидратација чувајќи ја еластична. Освен што почеста исхрана базирана на риба, додадете во менито и цитрусно овошје. Цитрусното овошје изобилува од витамин Ц важен за создавање на колаген кој пак е клучен за одржување на еластичноста на кожата. Јадете што почесто пилешко месо, малку бадеми и лешници, грашок и леќа.

race5

  1. Масажа

Помешајте сок од јабокло и сок од диња (блендирани) во еднаква количина, додадете малку сок од лимон и со смесата масирајте ги критичните места на рацете. Повторувајте ја масажата два до три пати во неделата.

Еднаш во неделата нанесете на критичните места паста која ќе ја добиете кога ќе измешате 1 лажица мед со 1 лажица маслиново масло. Оставете ја пастата да делува 15-на минути, потоа исплакнете со млака вода. Со тоа ќе ја подобрите циркулацијата на критичните места.

  1. Вежби

Вежбите се сепак и најефикасниот начин да се ослободите од салото на рацете, а најдобрата вежба се склековите. Почнете да правите по 5 склекови два пати на ден, а потоа секојдневно зголемувајте го бројот на склекови за уште по еден. Во минутите за вежбање додадете ја и вежбата на подигнување тегови, а тоа може да го правите и со два предмети во двете раце кои тежат 1, 5 килограми.

race1

x

Check Also

Камила Гудис, нутриционист: Еве како ослабна Адел

Камила Гудис е „архитектот“ на огромното слабеење на англиската пејачка која ги ...