Како да се ослободите од целулитот на природен начин

Кога ги знаеме причините за појава на целилит, можеме да делуваме на негово отстранување на природен начин.

Постојат извесни заблуди околу целулитот, а тоа се дека не се појавува кај витки или пак, кај млади лица, дека мажите немаат целулит и дека ако брзо ослабнете – целулитот ќе исчезне и слично. Но, секој може да има целулит. Но, за среќа, со малку труд секој може да се ослободи од целулитот и тоа сосема на природен начин.

Исфрлете ги токсините

Нашите тела ги бомбардираме со токсини. Изложени сме на загадување надвор, но и внатре во домот, конзумираме конзервирана храна, храна која е прскана со пестициди, а и лековите влијаат на појава на целулитот. Како се тоа делува на појава на „портокаловата кора“? Кога нашето тело се полни со токсини, тие доаѓаат во депото на масните наслаги во кожата и тука се задржуваат. Можете да се консултирате со доктор за некоја мера за детоксикација. Исто така, можете да купувате храна од пазар од продавачи кои гарантираат дека нивната роба е природна, а при тоа, сосема треба да ја исфрлите храната полна со конзерванси, како што се паштетите, виршлите и слично. Не заборавајте и да се откажете од газираните пијалоци кои исто така се заслужни за појава на целулит.

Домати

Доматите и сосот од домати (природен) се богати со ликопен. Ликопенот е каратенски пигмент кој се наоѓа во доматот, морковот, папајата. Тој спречува пукање на колагенските влакна во кожата, ја прави посилна и со самото тоа го отежнува депонирањето на масните клетки во кожата.

Зелен чај

Зелениот чај го забрзува метаболизмот и помага во топењето на масните наслаги. Го сопира производството на ензимите кои се одговорни за наталожување на масни клетки. Освен тоа, зелениот чај е богат со антиоксиданси и одличен е во борбата против слободните радикали.

Јаболков оцет

Направете течност за масирање на чувствителните делови од телото. Се што треба да направите е да измешате јаболков оцет и вода во размер 1:2, да додадете малку мед и да добиете паста која ќе ја втриете на местата каде е воочлив целулитот. Потоа, измијте ги тие делови со топла вода. Со оваа метода нема целосно да се ослободите од целулитот, но секако ќе биде помалку воочлив.

Вода

Конзумирајте околу 2 литра вода дневно. Ова е всушност и наједноставниот начин да ја спречите појавата на целулитот. Хидратацијата е важна за целокупното здравје на човекот, влијае на варењето на храната и ја прави кожата посвежа. Кога правилно се хидрирате вашата кожа изгледа помлада. Покрај внесување на течности, и конзумирањето на храна која е богата со вода позитивно влијае на текстурата на вашата кожа. Некои од намирниците кои се богати со вода се краставици, тиквички, лубеница, зелка…

x

Check Also

Два нови женски парфеми од Versace -Dylan Blue и Dylan Turquoise

Водечките имиња во светот на моделството, Бела Хадид и Хајли Болдвин, позираат ...