Како да знаете дека имате опструктивна ноќна апнеа и како до ефикасна терапија?

Опструктивна ноќна апнеа може да се јави кај мажи, жени и деца од сите возрасти.

Повеќето луѓе со опструктивна ноќна апнеа не се свесни за својата состојба.

Најчесто, некој друг е сведок на првите знаци на опструктивна ноќна апнеа.
Доколку Вие или некој кој го знаете има еден или повеќе од следниве симптоми, можеби се работи за опструктивна ноќна апнеа.
● Изразена дневна поспаност
● Гласно или вознемирувачко ’рчење
● Збревтање или гушење за време на спиење

Останати вообичаени симптоми се:
● Изнемоштеност и утрински главоболки
● Зачестено мокрење во тек на ноќта
● Депресија и иритабилност
● Прекумерна тежина
● Голем врат или натрупување секрет во горните дишни патишта
● Жени во менопауза

Луѓето со опструктивна ноќна апнеа престануваат да дишат повторувачки во текот на спиењето поради колабирање на горните дишни патишта. Ова може да е поради фактори како голем јазик, вишок ткиво во дишните патишта или поради намален тонус на мускулите кои ги држат горните дишни патишта (фаринкс) отворени. Како резултат на ова, воздухот е спречен да стигне до белите дробови. Овие паузи во дишењето може да се јавуваат до 30 и повеќе пати во текот на еден час спиење. Кога здравиот сон е нарушен на овој начин, тоа се рефлектира и на работата на срцето и може да води до бројни сериозни нарушувања на здравјето.

Како да знаете дека имате опструктивна ноќна апнеа?

Луѓе кои не ја бараат дијагнозата и ефективна терапија за опструктивна ноќна апнеа се изложени на зголемен ризик од:

Покачен крвен притисок
● Аритмии или срцево заболување
● Срцев удар
● Мозочен удар
● Зголемена веројатност од сообраќајни незгоди или несреќа на работното место

 Која е терапијата за опструктивната ноќна апнеа?

Позитивен Воздушен Притисок (PAP) е терапија на избор за опструктивна ноќна апнеа
● PAP терапијата претставува нежен проток на воздушен притисок преку Вашиот нос со користење на маска
● Воздушниот притисок го превенира колабирањето на горните дишни патишта со што овозможува нормално дишење во текот на ноќта
● PAP терапијата е неинвазивна и може комплетно да ги отстрани симптомите на опструктивна ноќна апнеа кога се користи како што е препишана

СРАР терапија

CPAP или континуиран позитивен воздушен притисок претставува најчесто користена терапија. Обезбедува континуирана струја на компимиран воздух кои ги држи дишните патишта отворени. Некои CPAP системи на компанијата Respironics имаат А-Flex™ алгоритам кој го намалува притисокот при експирација за да се овозможи поголем комфор.

Консултирајте се со Вашиот лекар, и обратете се во „Бета Медико Традинг“, тел – 023246-698

За дополнителни информации и нарачки јавете се во аптеките Бета фармација на 02/ 32 27 220 или 32 56 799 или на Фејсбук страницата https://www.facebook.com/Beta-Pharmacia-155903734506218/

 

x

Check Also

Скопје покажа дека е град за велосипеди – Околу 2.000 пријавени на Скопје на точак!

Околу 2.000 луѓе беа пријавени на Скопје на точак. Тие ги возеа ...