Како до рамен стомак без вежбање?

Сите пребаруваме по интернет кои се тие лесни вежби за слабеење кои доведуваат до брзи резултати, но што ако нашето секојдневие всушност е составено од навики кои постојано ќе ја одржуваат нашата фигура во фит форма?

Со брзото темпо со кое функционираме се помалку може слободното време да го користиме за вежбање кое секако е добро, првенствено за здравјето, а потоа и за изгледот. Сите ќе се согласиме дека пределот кај стомакот е дел од нашето тело кое постојано го мислиме и се запрашуваме дали изгледаме убаво, облекуваме широка облека, џемпери и се прикриваме, но време е да ги искористиме практичните и едноставни совети со кои стомакот природно ќе се обликува, ќе биде рамен, а вие ќе изгледате и ќе се чувстувате убаво и пријатно.

Ви претставуваме 3 совети кои треба да бидат вашите 3 навики кои ќе ве доведат до рамен стомак и убав изглед.

Задолжително појадувајте
Уште кога бевме мали ни зборуваа дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот. Сепак и покрај сите научени лекции, одлучуваме да бидеме “непримерни“ ученици и го “прерипуваме“ појадокот или пак изборот што ќе се појадува не е воопшто соодветен за внес на храна на почетокот од денот. Се препорачуваат сите видови на житарки, вкусни и сочни смути коктели, како и свежо овошје. Со ова вие ќе имате доволно енергија за сите активности во текот на денот, а додека огладнете и е време за ручек, “залажете“ се со јаткасти плодови кои се навистина хранливи. Од менито за појадок, задолжително избришете ги месните производи, тестата, кафето, соковите и сите произвводи кои содржат конзерванси кои не се потребни на телото.

Внесувајте течности
Сите знаеме дека на телото му треба внес на течности во текот на денот за да може да балансира. Течностите како што е водата и чаевите ќе помогнат околу виткоста на пределот околу стомакот. Водата е погодна да ја пиете по малку и постојано, а чаевите како што се зелениот кој содржи антиоксиданти помагаат да се согорат маснотиите во телото, така што се препорачува да се внесат овие течности во постојаната консумација во дневното мени.

Пешачете
Вежбањето не е неопходно за рамен стомак, но сепак одредена рамка на физички активности е повеќе од потребна. Се препорачува да се пешачи, и тоа што повеќе, па затоа за сите кратки релации на кои сте активни во текот на денот, наместо со превозно средство вие одберете да пешачите. Со постојаност и упорност, резултатите ќе се видливи по краток период.

Започнете со овие активности веднаш кои ќе ве доведат до фит форма.

 

x

Check Also

Јајцата и слабеењето се супер пар, еве зошто

Аминокиселините се основни состојки на протеините, а од сите во јајцата е ...