Како карминот да ви трае на усните во текот на целиот ден, за ова трикче не сте чуле

Како вистински зависнички од кармини, секогаш сакаме да дознаеме нови начини за нанесување и фиксирање на овој мејк-ап производ. Но за ова трикче, веруваме, дека се уште не сте чуле.

Овој трик го откри визажистката Кели Хана Томпсон, а звучи навистина добро.

За ова ќе ви биде потребно проѕирно бело моливче за веѓи (она кое изгледа како восок), моливче за усна и омилениот кармин.

Постапка

  1. Околу усните со проѕирното моливче направете бариера која ќе спречи карминот да „истече“ и потполнете ги малите борички околу усните.
  2. Усните нормално исцртајте ги со моливчето за усни и намачкајте ги со кармин.
  3. Проѕирното моливче ќе направи „рамка“ околу усните и ќе помогне карминот во текот на целиот ден да изгледа совршено и да не се размачкува.

x

Check Also

Имате мрсна коса? Еве зошто косата толку бргу ви се мрси

Имате проблем со мрсната коса? Сигурно правите многу нешта погрешно. Не ставате ...