Како ќе изгледаше Марија Антоанета да беше облечена во Д&Г

Преку германскиот Вог ни стигнува уште една посебна фотосесија на модната двојка Долче и Габана кои ја замислуваат Марија Антоанета облечена во нивни креации.

m8

И повторно сме импресионирани од оригиналните едиторијали на Доменико и Стефано. Современата Марија Антоанета многу личи на онаа од минатото, покажувајќи ни го враќањето на модните трендови (барем, кога е во прашање високата мода).

m7

Добро, во вакви креации се разбира не може да одите на работа или да се прошетате навечер по кафулињата и рестораните (како што таа се шетала во дворовите), но толку се инспиративни што посакуваме да откинеме барем парченце и да го додадеме на нашата секојдневна модна комбинација. Роза, на пример?  Или везен цветен детал.

m6m5m4m3m2m1

x

Check Also

Триото „Тојлетпејпер“ се врати со нови гротескни модни фотографии

Фотографите Маурицио Кателан и Пјерпаоло Ферари и уметничкиот директор Мико кои го ...