Како лактозата влијае на вашите миленичиња!

Иако сите доенчиња од класата цицачи го пијат мајчиното млеко, луѓето се единствените цицачи кои пијат млеко и како возрасни, односно од други млеконосни животни. Но, повеќето луѓе – околу 60 проценти и првенствено оние од азиско и африканско потекло – престануваат да произведуваат лактаза, ензим потребен за разложување на лактозата во млекото, како што растат. Но, некои од луѓето од северно европско потекло имаат тенденција да ја задржат способноста да произведуваат лактаза и да пијат млеко во текот на целиот свој живот. Некои од нашите најсакани и најчесто чувани домашни миленичиња се цицачи, а тоа значи дека најверојатно се интолерантни на лактоза. Затоа е потребно да се знае како, и дали воопшто смеете да му дадете на вашето милениче млечни производи со лактоза:

Куче: Многу кучиња се нетолерантни за лактоза, што значи дека имаат потешкотии во варењето на млекото. Некои од нив имаат проблеми со пиењето млеко, но можат да поднесат млечни производи како сирење и обичен јогурт, кои обично полесно се варат отколку млекото. Млекото е богато со масти и природни шеќери, што е уште една причина понекогаш да го нахраните вашето кученце со него. Но, тоа никако не смее да биде во големи количини бидејќи може да предизвика непријатни реакции, вклучувајќи дијареа, повраќање и лабава столица. Премногу маснотии во исхраната на вашето куче можат да предизвикаат зголемена телесна тежина и панкреатит, што се сериозни состојби. Затоа повремено давајте му млеко без лактоза, во мали количини.

Мачка: Иако најпознатата слика од мачка е како таа пие млеко, реалноста е поинаква. Повеќето мачки се нетолерантни за лактоза. Иако мачките можат да пијат млеко без лактоза, тоа можеби не е најдобриот здравствен избор за нив. Ако вашата мачка пие млеко, може да се појават симптоми како што се повраќање, дијареја и општа непријатност пропратена со надуен стомак. Возрасните мачки немаат никаква нутритивна потреба за млеко, па затоа ветеринарите советуваат да се избегнува во целост. Сепак, доколку вашата мачка сака млеко, повремено може да ја почестите со млеко без лактоза.

Хрчак: Хрчаците, како и скоро сите други цицачи стануваат нетолерантни за лактоза откако ќе се одбијат од мајчиното млеко. По тој момент, хрчакот повеќе не произведува лактаза, па затоа доколку го нахраните вашиот хрчак со млеко, лактозата може да предизвика зелена или жолта боја на столица и дијареа. Сепак, хрчаците и некои други домашни миленици кои се нетолерантни на лактоза, понекогаш можат да консумираат млечни производи како урда и непастеризиран јогурт.

Папагал: Скоро секој папагал ужива во некој млечен производ. Сепак, млечните производи не се многу компатибилни со дигестивниот тракт на папагалот! Тие не се цицачи, а кога ќе размислите за тоа од каде потекнуваат повеќето видови папагали, можете да разберете зошто не би ги вареле млечните производи. Нема многу млеко во дождовните шуми! Но, папагалите не се 100% нетолерантни на лактоза. Многу мали количини на јогурт или тврди сирења се чини дека се добри за одредени поединци.

x

Check Also

Што НЕ ТРЕБА да јадете после тренинг ако сакате да ослабнете

За да ги почувствувате најдобро резултатите после тренингот, треба да внимавате и ...