Како Меган Маркл ја одржува својата блескава кожа

Американската актерка Меган Маркл е само на два месеци до официјалното приклучување кон кралското семејство, кога таа и принцот Хари ќе се венчаат на 19 мај во капелата Ст.Џорџ, Виндзор. Иако има 36 години, нејзината беспрекорна кожа е привлечна за секоја жена. Еве како Меган Маркл ја одржува својата блескава кожа.

Денот го започнува со здрав појадок

„Како што стареам, мојот пристап кон стареењето е сосема поинаков, се грижам за мојата кожа и телото “, вели Меган Маркл. И додава: „Не се грижам за сабе само од естетски причини, туку затоа што знам дека како се чувствувам е диктирано од она што го јадам, од тоа колку се одморам и колку вода пијам”.

Овесна каша со банани

Манука-мед

Вообичаениот избор за појадок на Меган Маркл е овесна каша со банани или друг вид на овошје, надополнета со манука мед и пчелен полен. Предностите на манука-медот се познати во здравата исхрана веќе долго време. Мануката има антибактериски и антиинфламаторни својства, ја навлажнува кожата и помага да се зголеми еластинот и да се подобри регенерацијата на клетките на кожата.

Пчелен полен

Пчелниот полен пак, е богат со витамини, минерали, протеини, липиди и масни киселини, но и со ензими, каротеноиди и биофлавоноиди. Има моќни антибактериски и антивирусни својства, ги зајакнува капиларите, го намалува воспалението, го стимулира имунолошкиот систем и природно го намалува нивото на холестерол.

Маркл вели дека здравиот појадок е многу важен за здрава и сјајна кожа. Но и воопшто исхраната во текот на денот, објаснувајќи дека таа консумира повеќе минерална вода и доволно овошје и зеленчук.

x

Check Also

Сите се луди по новиот тренд на коса за есен 2020, од Џенифер Лопез до Кејти Холмс

Се прашувате кој е најголемиот тренд меѓу фризурите за есен 2020 година? ...