Како можеме да помогнеме ако наш близок е хипохондрик?

Поради зголемениот пристап до одредени информации, луѓето се повеќе се обидуваат да најдат информации за одредени болести, а некои од нив кога ќе прочитаат такви информации веднаш почнуваат да чувствуваат одредени непријатности, слични на оние што неодамна ги прочитале.

Таквите луѓе се многубројни, па се поставува прашањето, што да правиме ако некој од нашите блиски членови на семејството или пријатели е хипохондрик, односно како да му помогнеме.

Помош од стручно лице

Иако таквата постапка на „разубедување“ на личноста дека е здрава и дека нема реална потреба да се плаши дека нешто лошо може да се случи, сепак вреди да се обидеме бидејќи ваквата состојба знае да биде навистина опасна доколку продолжи да трае подолг период.

Најдобро решение за ваквата состојба би било вашиот близок да го однесете кај соодветно стручно лице, односно психотерапевт што ќе работи со хипохондричниот пациент.

Стравот и вознемиреноста може значително да се намалат преку дополнително едуцирање за пеоблемот.

Дали овие луѓе навистина се болни?

Во последно време сè погласни се тврдењата дека се хипохондриците навистина се болни, но дали навистина е така? Според тврдењата на одредени здравствени работници, хипохондриците навистина страдаат од ретка болест именувана како Фабриева болест. Според нив, оваа болест може долго време да остане несоодветно третирана затоа што дава симптоми слични на хипохондријата, односно пациентите болни од оваа болест речиси секојдневно чувствуваат различни болки на различни места од телото.

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Нова промена на времето, внимавајте на раздразливоста!

Нова промена на времето! По прилично студената недела среде пролет, конечно ќе ...