Како путерот од кикирики помага во слабеењето

Истражувањето објавено во „Британски журнал за исхрана“ се фокусира на тврдењето дека луѓето кои јаделе путер од кикиритки за појадок, покажале намалена потреба за храна во наредните дури 12 часа!

Како путерот од кикитики навистина делува во процесот на слабеење, доколку сакаме да загубиме неколку килограми на здрав начин?

Го задоволува апетитот

Путерот од кикиритки во себе содржи комбинација од влакна (околу 2 грама по лажица) и протеини (околу 4 грама во лажица), а тоа претставува моќен удар за намалување на апетитот. Тоа се должи на фактот што путерот од кикиритки го зголемува нивото на PYY, хормон кој прави да се чувствуваме сити.

Помага за слабеење

Бидејќи го стопира апетитот, воопшто не е за изненадување дека путерот од кикиритки помага и во процесот на слабеење. Оние кои јадат путер од кикиритки редовно, за појадок, имаат здрав индекс на телесна маса отколку оние кои го избегнуваат.

Ниско ниво на јагленохидрати

Путерот од кикиритки има ниско ниво на јагленохидрати, а со тоа го спречува скокот на нивото на шеќерот во крвта. Оттука е и совршена храна за луѓето со дијабетес 2.

Ги елеминира токсините

За побрзо и здраво да функционира метаболизмот најважно е да се отстранат слободните радикали и отрови кои се наталожени. А од нив најмногу има во цревата, па оттаму лесно се шират низ телото. Оваа вкусна намирница содржи калијум, витамин Е и антиоксиданти. Тие помагаат да се исчистат цревата, а со тоа путерот од кикиритки овозможува и здрава и честа пробава, неопходна во процесот на слабеење.

x

Check Also

Fit Family дел од Моден Викенд Скопје

Тренд во светот, а сега достапен и кај нас – Fit Family ...