Како разумно да менаџирате со средствата со кои располагате?

Во Новата година обично влегуваме со свежи планови и цели кои сакаме да ги постигнеме во следните 12 месеци. Меѓу најважните, особено денес секако се финансиските одлуки – како да се одржи или зголеми домашниот буџет и како да се оддржи и зголеми заштедата.

Сите би сакале  да имаме одреден фонд на средства било за „црни денови“ или за планирање на нешто што ќе не израдува. Постои одредена стратегија што можеме да ја примениме за подобро да управуваме со средствата со кои располагаме.

Основно правило секако е да се одбере банка во која ќе имаме доверба и која ќе биде наш партнер. А токму таква е Халкбанк која водејќи се со мотото „Важни се луѓето“ креира производи согласно барањата и потребите на клиентите.

Затоа, еве неколку совети како паметно да управувате со своите финансии, користејќи ги погодностите кои ги нуди Халкбанк.

Изберете модел и штедете:

Штедењето во банка е една од најдобрите финансиски навики што можете да ги усвоите, имајќи ја предвид сигурноста на средствата и секако приносот кој ќе го остварите. Во Халкбанк постојат повеќе производи наменети за штедење, кои се прилагодени на различни потреби и разлики во динамиката на животните стилови, а кои истовремено нудат најатрактивни услови на пазарот.

Користете Mastercard debit contactless картичка:

Mastercard Debit Contactless дебитна картичка наменета за физички лица која е поврзана со вашата трансакциска сметка и одобрениот минус на истата, ви овозможува брзо и лесно бесконтактно плаќање секаде каде што го има знакот за бесконтактно плаќање. Дополнително, сите приматели на плата или пензија во Халкбанк АД Скопје имаат можност за  подигнување готовина од сите банкомати во земјата без надомест. Дополнително со производот е-касичка Ви е овозможено со секоја трансакција направена со овој тип на картичка на ПОС терминал и виртуелен ПОС терминал на било која банка, одреден износ зголемен над износот на ПОС трансакцијата да се трансферира на Ваша посебна штедна сметка ( наменета исклучиво за овој тип на штедење) и на тој начин да бидете во можност да штедите без издвојување на значителни износи од Вашите месечни примања.

Собирајте бонус поени:

Со кредитните картички на Халкбанк, можете да собирате бонус поени при пазарување во дефинирани периоди на различни продажни места објавени од страна на банката. Собраните поени потоа можете да ги искористите при идни плаќања во мрежата на ПОС терминали од Халкбанк, при што еден бонус поен е еднаков на еден денар. Халкбанк континуирано спроведува различни бонус кампањи во различни периоди од годината. Оваа бонус програма е креирана со цел да им овозможи на клиентите кои ги користат кредитните картички од Халкбанк, да се попривилегирани со бенефициите и вредностите кои банката ги додава за своите клиенти.

Купувајте на рати без камата

Не ја пропуштајте можноста да ја искористите поволноста за купување на рати без камата што важи за сите иматели на кредитни картички во Халкбанк. Оваа поволност е овозможена  на ПОС терминалите на Халкбанк кај трговците со кои Банката има склучено договор за рати без камата, каде се и трговци со автоделови, со бела техника, електронски уреди и компјутери, со разни производи за домаќинството, салони за мебел, туристички агенции и друго.

Плаќајте ги сметките брзо и едноставно во готово во Пошта

Вкупно 324 активни поштенски единици на Македонска пошта АД со 470 шалтерски места стојат на располагање за реализирање на сите безготовински и плаќања во готово, вклучително и за плаќање на сметки за комунални услуги. Овие услуги во единиците на Пошта се достапни преку платниот промет на Халкбанк АД Скопје. Услугата „Плаќање сметки“ во готово на Пошта ја има една од најконкурентните цени на пазарот во однос на цените на домашните банки и изнесува 35 денари по сметка.

На шалтерите на Пошта можат да се плаќаат сметки за електрична енергија од ЕВН Македонија, сметките од БЕГ за испорачана топлинска енергија, за потрошена вода преку ЈП Водовод и канализација-Скопје, како и сметки од речиси сите јавни комунални претпријатија во земјава. Дополнително, овоможено е плаќањето на сметките кон телекомуникациските оператори, како Македонски Телеком, А1, Неотел, Телекабел и сите останати регионални оператори.

 

x

Check Also

E-banking како ново нормално при користење на банкарските услуги

Во последниве две години, како последица од глобалната пандемија, научивме како паметно ...