Како се послужува виното: Уживањето во виното е поголемо доколку е правилно послужено

Постојат неколку фактори кои се клучни за правилно послужување на виното кое е важно само поради фактот што уживањето во него е поголемо доколку е правилно послужено.

vino 2

Температура

Соодветната температура на служење на виното несомнено ќе го подобри неговиот вкус и мирис. Претерано изладеното вино ги губи своите ароми и вкус, а недоволно оладеното вино е непријатно за пиење, пред сè поради прекумерното испарување на алкохолот кој ги покрива сите мириси и ги менува карактеристиките на виното.

Белите вина секогаш се служат разладени, додека црвените вина се служат на собна температура, се разбира доколку температурата во просторијата не е повисока од 20°C. Исто така, колку е послатко виното, толку поладно треба да се послужи.

Најдобро е да се практикува следното:

  • Црвено вино се служи на температура од 16°C до 18°C
  • Бело вино се служи на температура од 12°C до 14°C
  • Розе вино се служи на температура од 10°C до 12°C
  • Пенливо вино се служи на температура од 8°C до 10°C

Пред послужување, доволно е виното да се остави во ладилник 20 минути или, пак, да се стави во сад со мраз за да се спушти неговата температура на ниво на посакуваната температура за служење.

Чаши

Виното се служи во соодветни чаши изработени од тенко, чисто стакло. Најдобро е да се избегнуваат гравирани или обоени чаши затоа што оневозможуваат јасно да се види бојата на виното. Црвеното вино се служи во поширока чаша во форма на лале. Белото вино се служи во чаша која е благо затворена кон врвот. Пенливото вино се служи во високи и тесни чаши кои овозможуваат да се развијат меурчињата од пенливото вино.

При ставањето на виното во чаша, треба да се внимава чашата да не се преполни. Најдобро е да се стави вино до половината од чашата, затоа што на тој начин има доволно простор за провртување на виното во чашата, со што се ослободуваат и интензивираат аромите.

Сега, откога ги знамеме овие корисни совети, може да уживаме со стил за празничната сезона во врвните вина на „Тиквеш“.

x

Check Also

Петочки Midday Madness забава со KiNK од 17 часот во Three Kitchen & Bar

По некое време, повторно журка продуцирана по светски стандарди со врвен артист, ...