Како се заслужува „титулата“ модна икона

Знаевте ли дека со терминот „модна икона“ не треба да си играте? Сајтот „Стајл.ком“ инцираше широка Интернет дебата на оваа тема кога уредничката Маја Сингер се побуни против Бијонсе и Кејт Мидлтон како модни икони.

ikona1

По долгите дискусии кои траеја речиси цела година, Стајл.ком  заклучи дека Бијонсе и Кејт Мидлтон, на пример, би можеле да бидат идни модни икони, но сега не се. Бидејќи за да наречете некого модна икона е прашање кое не може да се базира само на личното мислење.

Ако се зборува и официјално, постојат и награди кои ги доделува Советот на модни дизајнери на Америка. Ваквите награди за модна икона на годината се доделуваат од 2002 година. Добитниците на наградите „модна икона“ до сега не се оние кои работат директно во креирање на модата туку јавни личности, глумци, пејачи. Ријана беше една од наградените, но и Кејт Мос (2005), Сара Џесика Паркер (2004) и Никол Кидман (2003).

Но оттука и нова дискусија- зошто во ваквите рангирања, односно наградувања, да не бидат вклучени и луѓето кои се директно во модната индустрија. Зашто Коко Шанел беше модна дизајнерка, а веќе ја носи „титулата“ модна икона.

ikona 2

Се разбира, повеќе од модните икони од минатото, не ги дочекаа ваквите награди за нивното чувство за стил. Едни од нив се и Џеки Кенеди, Бјанка Џегер и Грејс Кели, кои денес ја имаат „титулата“ на модни икони. Е како таа се заслужува? Објаснувањата се вакви – треба да исполнувате два услова за да бидете модна икона или за да станете модна икона: слава и оригинално чувство за стил.

На пример, без славата Сара Џесика Паркер би можела да биде само убаво облечена њујоркчанка.  Но, дискусиите стигнаа уште подалеку кога е во прашање славата. Имено, кога веќе сте славни, дури и ако немате баш толкава истенчено чувство за стил набргу ќе го добиете, бидејќи благодарение на славата одеднаш станувате инсајдер во модната индустрија, а вашето чувство за стил го „дотенчуваат“ други. Станувате муза на модните дизајнери кои ве облекуваат во најлускузната облека. Така, ако Грејс Кели не беше принцеза, таа немаше да има шанса (ниту причина) да се претстави како најелегантна жена во светот.

Од друга страна пак, и ако поседувате совршено чувство за стил, ама по тој стил сте препознатливи само на дузина луѓе, односно вашиот стил не го „копира“ целиот свет тогаш не можете да бидете модна икона.

Најпосле, треба да постои и една историска дистанца. Имено за да ја заслужите „титулата“ модна икона, вашиот стил треба да се памти со генерации. Односно треба да останете муза и инспирација на цели генерации дури и откако ќе го напуштите овој свет. А кој може да каже отсега дека стилот на Никол Кидман, на пример, ќе биде инспирација на нашите правнуци? Иако глумицата и официјално ја зема онаа титула за модна икона која ја доделува Советот на модни дизајнери на Америка.

Заклучок? Не се расфрлајте со терминот „модна икона“.

x

Check Also

Што ги возбудува хороскопските знаци?

Овен Овенот ужива да биде нечиј трофеј. Тој сака прво да се ...