Како со природни средства домот да мириса свежо и убаво?

Сите користиме голем број на освежувачи и вештачки мириси во домовите за да имаме убав и свеж мирис во просториите. Како тоа да го направиме користејќи ги природите средства? Со тоа, освен што ќе заштедите на пари, првенствено ќе го штедите и вашето здравје. Во прилог неколку “миризливи“ идеи за миризлив дом.

  1. Сода бикарбона = чисти и ги впива непријатните миризби. Чувајте ја во фрижидерот за впивање на миризбите од храната, а доколку сакате можете да ја користите во тоалетот во сад со неколку капки етерично масло по желба за убав мирис. Содата можете да ја ставите во шише со распрскувач, да ја помешате со масло со мирис и вода, па потоа да ја распрскате по собите.
  2. Алкохолен бел оцет = исто така чисти и ги отстранува непријатните мириси. Разредете го со вода, додадете миризливи масла, ставете го во шише со распрскувач и со него испрскајте ги и пребришете ги површините во кујната, тоалетот, работните површини и подот.
  3.  Етерични масла = Во 100ml дестилирана или обична вода, да се додадат 10 до 20 капки етерично масло. Можете да одберете лаванда, портокал, ментол, еукалиптус, ванила или било кој мирис што го сакате. Садот со водата и маслото оставете го на соодветна подлога во просторот каде сакате да го шири пријатниот мирис. Исто како и предходните предлози и оваа смеса може да се стави во шише со распрскувач. Етереичните масла можете да ги користите во уредите за влажнење на воздухот (во сад со вода врз панелките, радиојаторите, или како додаток во овлажнувачките средства). Исто така можете да додадете од маслото во средството за чистење на подовите за убав мирис.Екстра трик е пребиршувањето на кантата за отпадоци со оваа смеса, а на дното да се додаде и сода бикарбона за впивање на миризбата од кантата. Така вашиот дел во кујната и тоалетот ќе мириса секогаш свежо и убаво.

x

Check Also

Голем интерес кај авторите за книжевната награда за најдобар необјавен роман на годината – „ПЕГАЗ“

Вториот конкурс за книжевната награда за најдобар необјавен роман на годината – ...