Како стоматологот Михајло Јовановски за само 2 месеца „стопил“ 22 килограми

За доктор Михајло Јовановски липосукциската диета била голем и убав предизвик. Претходно се обидувал да ги намали килограмите со различен тип на диети кои барале „жртви“, но било неуспешно. Со липосукциската исхрана пак, успеал да „стопи“ само за една седмица 4 ипол килограми, за две седмици 10 килограми, а за два месеци цели 22 килограми.

-Дебелината е голем здравствен проблем на денешницата, лошите навики многу тешко се искоренуваат и сè повеќе гледаме како многу луѓе се борат да ги заменат нив со здрави навики и здрав живот, објаснува доктор Михајло Јовановски, стоматолог во ПЗУ „Денталенд Плус“, на почетокот на нашиот разговор.

Михајло Јовановски

Зошто ја одбравте токму оваа диета?

Jа одбрав липосукциската диета зашто ми звучеше примамливо кога разбрав дека за кратко време, односно, за 14 дена, се губи до 10 отсто од телесната тежина. И си реков, супер, доаѓа лето, а сите ние сакаме да изгледаме во костим за капење фит, морам и јас да го пробам овој тип на исхрана. Би ја нарекол револуционерна диета, бидејќи не ме исцрпуваше и измачуваше, не гладував и имав многу повеќе енергија да ги извршувам моите обврски со пациентите како стоматолог, па и сите други домашни обврски. Секако, сакав да си ја подобрам и крвната слика, која до пред третманот не ми беше баш сјајна. Ги сменив навиките во исхраната и ги загубив посакуваните килограми.

Како доктор, би ни ги објасниле ли, накусо, здравствените придобивки од ваквиот вид на исхрана?

-Здравствените придобивки се огромни за нашиот организам, од проста причина што на телото му се случува една позитивна револуција штом ќе се започне протоколот. Лично сум бил против диети и разни таканаречени „инстант“ програми за слабеење. За да се има идеална тежина не може само одреден период да се биде на диета, туку треба комплетно да се промени начинот на исхрана и животниот стил. Напразно е да ослабнеме успешно, ако си го нарушиме здравјето или ако потоа повторно се вратиме на лошите навики и стариот живот кој придонел да имаме вишок на килограми.

Липосукциската исхрана овозможува да се губи само салото, масните наслаги во телото, но не и мускулната маса. Всушност, го тераме нашето тело да се храни со сопствените резерви на масти.

Значи, имаме метаболички претворање на мастите во енергија, забрзана синтеза на протеините и забрзано ослободување на гликозата од црниот дроб. Тоа е целата приказна. Целосно природно делување и затоа е медицински и здрав третман за симнување на вишокот килограми. Ги раствора триглицеридите во крвта, се намалува особено лошиот холестерол, а со тоа крвните садови се ослободуваат од спазми, па крвта повторно може слободно да протекува. Исто така, доаѓа до пресврт во базалниот метаболизам, односно организмот го навикнуваме на урамнотежена, умерена, разновидна и здрава исхрана.

Какви беа вашите искуства со протоколот, од започнувањето до реализацијата?

-Искуства за протоколот се добиваат од една преубава брошура што ја добивате при првата посета на Диет клубот. Ја имав целосната поддршка од тимот, од започнувањето, па сè до реализацијата. Липосукцискиот протокол, може да се каже, е современ пандан на протеинските диети. Освен избор на дозволена храна, тој вклучува и одредени суплементи во исхраната кои се во вид на протеински напивки. Многу е едноставно, се олеснува дилемата околу тоа што треба, а што не треба да се консумира додека трае протоколот.

Важно е да се знае дека дневното внесување на калории е на нивото на индивидуалната потреба на организмот, дека заедно со исхраната може да се внесуваат суплементи кои ги надоместуваат витамините, минералите и другите микронутриенти. Најважно е тоа што се чувствував добро и задоволно за време на третманот, па и после него немав никакви последици за здравјето.

Што најмногу ве мотивираше за да се држите до диетниот режим? Беше ли тежок предизвик?

-Мотивацијата за да се издржи со диетниот режим беше огромна, бидејќи веднаш можев да почувствувам промена, стомакот почна да ми се намалува за кратко време, добивав повеќе енергија и тогаш мотивацијата само ми растеше. Уште поголема стануваше кога почнаа килограмите да се намалуваат, а тоа беше видлив доказ на вагата за мерење. За една седмица имав минус 4,5 килограми, за две седмици дури 10 килограми, како и намалување во обем на струкот и градите. Поголема мотивација и предизвик од тоа да јадеш, да не гладуваш, и да слабееш брзо и здраво, нема.

Зошто ни се потребни додатоците Липо алфа и Липо бета, која е нивната моќ во процесот на слабеење?

-„Липо алфа“ кесичките и „Липо бета“ аминокиселините, кои се користат во протоколот од самиот почеток, се од големо значење во целиот процес на слабеење, покрај исхраната. Една кесичка „Липо алфа“ претставува една терапевтска доза и се подготвува како орална суспензија со вода, а се пие бавно во тек на пет минути. Таа ви ја дава ситоста, не сте гладни и не ви паѓа шеќерот и енергијата, се чувствувате добро. Се работи за специјално избалансирани амино- киселини на млечна сурутка со кои се активира метаболизмот на мастите по природен пат. Имаат липолитичко дејство, го намалуваат количеството на складираната маст во клетките и го забрзуваат разградувањето на мастите. Воедно, ја инхибираат адипогенезата (процес на претворање на масните клетки во масни наслаги) и липогенезата (формирањето на триглицеридите) по оброкот, значи дејствуваат и превентивно. Константното внесување на аминокиселини во текот на третманот овозможува да се сочува мускулното ткиво, а да се стопат само натрупаните маснотии.

На кој начин липосукциската исхрана го активира метаболизмот на мастите, резултирајќи во нивно намалување?

-Кога телото ќе го ослободиме од внес на јагленохидрати и од шеќери, се активира самиот метаболизам на мастите. Тогаш организмот почнува да ги троши масните резерви како гориво, а на тој начин доаѓа до брзо слабеење, особено до загуба на наталожените масни наслаги на критичните зони. Со овој тип на исхрана, за среќа, го нема и оној познат „јо-јо ефект на враќање на загубените килограми. Липосукциската исхрана е базирана на активација на метаболизмот на мастите, имено аминокиселините што ги внесуваме при третманот имаат функција да му обезбедат на организмот енергија од метаболизмот на мастите и да активираат мобилизација и оксидација на мастите во ткивата и во црниот дроб. И затоа велиме дека телото се „тера да се храни со сопствените масни резерви, резултирајќи во нивно намалување.

Реално, за колку време колку килограми можат да се „стопат“?

-Напоменав дека целта на липосукцискиот третман е да се постигне оптимална телесна тежина за кратко време без никакви последици по здравјето, а не е целта резултатот што е постигнат на вагата. Конечниот очекуван резултат по еден циклус е намалување на волуменот за 7-10 отсто во зависност од брзината на метаболизмот и од претходните навики на исхрана. И тоа навистина е така, се случува брзо губење на тежината, но и се намалува обемот на струкот и градите. Се пие големо количество вода во текот на третманот и затоа промените во обемот на телото се видливи по 3-4 дена од започнувањето. Моето искуство покажа дека за 2 месеци намалив дури 22 килограми од својата првична тежина, што прилично сум среќен и задоволен со сопствениот резултат. Но, уште повеќе сум среќен што продолжив и понатаму со новиот, правилен и здрав начин на исхрана.

Би им ја препорачале, и зошто, липосукциската исхрана на вашите пациенти, пријатели, роднини?

-Апсолутно на сите топло им го препорачувам овој тип на исхрана, сите луѓе кои се борат со вишокот килограми, и на сите оние кои сакаат нешто да направат за сопственото здравје. Затоа што целта на липосукцискиот третман е да се постигне оптимална телесна тежина и да се коригираат одредени метаболни нарушувања заради подобрување и запазување на здравјето.

Видливо ќе добијат намалена потреба за храна, ќе научат дека треба да јадат само кога се гладни, дека нема да имаат пад на енергијата и шеќерот, а нема потреба од физичка активност. 100 % сигурна диета за здравјето.

За бесплатни совети за липосукциска исхрана посетете го „Липо диет“ центарот (ул. Димитрие Чуповски број 22, спроти поранешен „Мекдоналдс“) или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033.

x

Check Also

Fit Family дел од Моден Викенд Скопје

Тренд во светот, а сега достапен и кај нас – Fit Family ...