Како тоалетот да изгледа убаво без реновирање?

Тоалетот е една од просториите која потешко можете да ја реновирате, но тоа не значи дека повремено не можете да го обновите изгледот. Ви даваме неколку совети кои ќе допринесат вашиот тоалет да изгледа убаво и пријатно без реновирање:

  1. Пешкирите здиплете ги на поинаков начин. Прегледајте видеа на јутуб и одберете го за вас најубавиот изглед. Можете да ја промените и бојата на пешкирите и да се одлучите за една боја или еден тоналитет т.е. нијанси на таа боја.
  2. Одберете стил на уредување за тоалетот и подгответе ги деталите за истиот.
  3. Декорирајте го огледалото. Поставете го така што од него ќе се рефлектира светлината од прозорецот. Така тоалетот ќе биде осветлен, а можете и да додате нова рамка за него. Поставете украси под огледалото или декорирајте го со лед светилки или стикери.
  4. Додадете украсни и миризливи свеќи во тоалетот. Кога ќе бидете расположени за пријатна атмосфера, запалете ги и уживајте во опуштањето.
  5. Променете ги држачите и садовите за сапунот, пешкирите, тоалетната харија, четките за заби, кантата за отпадоци или други мали детали кои не чинат многу, а можат да го подобрат и освежат изгледот на вашиот тоалет.

 

x

Check Also

Кодфлер станува дел од глобалната дигитална агенција Валтек

Валтек, глобална дигитална агенција чиј фокус е деловна трансформација, денес ја објави аквизицијата на компанијата Кодфлер. Со оваа аквизиција, Валтек, една од врвните светски агенции за дигитална стратегија и деловна трансформација, ја продолжува ...