Како успешно да почнеме диета

Слабеењето е тежок процес, тешко е да се започне со некоја диета и вежбање, тешко е исто така да бидете доследни, но резултатите се она што ќе ја измами насмевката на вашето лице. Ви претставуваме неколку совети кои ќе ви го олеснат почетокот на диетата.

1. Од сите страни не “бомбардираат” со истите совети, но ние упорно одбиваме да јадеме житарки за појадок. Дојде време да почнете. Житарките ќе ве држат сити подолго време, ќе го подобрат варењето, забрзаат метаболизмот, а организмот ќе ви биде благодарен.

2. Денес попуштивте и изедовте нешто мрсно, заситено, забрането? Ве гризе совеста поради тоа? Не би требало. Не би смееле од се да се откажете, само променете некои навики. Изгладнувањето не е решение за губење на килограмите. Ако навечер со гледање на некој филм грицкате солен чипс, пуканки или палачинки, тогаш  знаете за почеток , која навика морате да ја исфрлите.

3. Заборавете на вагата! Кога сме на диета имаме навика често да гледаме на вагата и да следиме колку грама сме изгубиле од вчера. Не го правете тоа. Некогаш може метаболизмот да биде забавен , а бројките или скалата на вагата ќе варираат. Ќе бидете фрустрирани доколку мислите дека сиот ваш труд е бадијала? И овде ќе погрешите. Ништо не е залудно, резултатите ќе бидат видливи на некој друг начин, ќе се намали сантиметар или два обемот на бутовите или стомакот, но вие нема да бидете свесни за тоа. Бидејќи вагата тоа не може да го покаже, поради настанатото разочарување, можеби и ќе се откажете од сето тоа. Тоа не го сакате.

4. Пијте многу вода. Не мора да чувствувате жед за да посегнете по чаша вода. На вашиот организам му е многу повеќе потребна отколку што ја внесуваме, а понекогаш таа дехидрација се јавува како главоболка. Телото е во блага дехидрација, но вие не чувствувате жед. Затоа пијте ги препорачаните дози вода на ден.

x

Check Also

Користете ја технологијата за добро и научете основни допири за самопреглед на дојка

Со креирање на микросајтот www.pauzazapregled.mk, Телеком ја користи технологијата за добро како ...