Како влијае стресот врз таложењето на сало

Кортизолот познат како хормон на стресот се излачува од надбубрежната жлезда, а во организмот има двојна улога. Акутниот стрес предизвикува пораст на овој хормон.

Наглата промена на стил на живот дава сигнал на надбубрежната жлезда дека сме во опасност, а тоа предизвикува искучително висок или пак исклучително низок степен на кортизол во организмот. И во двата случаја доаѓа до брзо наталожување на масно ткиво, бидејќи на тој начин организмот сам се заштитува и складира масти.

Кортизолот пак, кој се излачува со хормонот на растот и тестостеронот помага во топењето на масното ткиво. А за да се постигне овој ефект потребна е физичка активност. Физичката активност која го провоцира кротизолот да ги топи мастите треба да биде или долготрајна со низок интензитет или високоинтензивна активност со кратко траење.

Истотака и редовниот сон, здравото спиење по 8 часа во ноќта и одморот, позитивно влијаат на степенот на кортизол кој во овој случај помага во топењето на масните наслаги. И обратно, несониците и нездравиот ноќен живот предизвикуваат стрес на организмот кој го провоцира кортизолот да делува како наталожувач на масти.

x

Check Also

Кои се и што значат супер состојките на супер лебовите на Жито Лукс

Водечкиот производител на брашно и леб на нашиот пазар, Жито Лукс, пред ...