Каков хотел може да очекувате? Еве што значат ѕвездичките на хотелите

Сте размислувале ли некогаш како се заслужуваат петте ѕвездички на луксузните хотели? Основната разлика меѓу хотелите сите ја знаеме – што повеќе ѕвездички, толку е хотелот полуксузен. Но знаевте ли какви стандарди „стојат“ зад ѕвездичките?

1*

Хотелите со една ѕвезда се познати како туристички хотели, а се нарекуваат буџетни. Наменети се на сите оние кои не очекуваат луксуз, но и премногу удобен кревет. Но затоа постојат услови со кои се заслужува оваа ѕвездичка. Сите соби треба да имаат сопствен тоалет со бања или туш кабина. Собите обавезно се чистат секое утро, мора да имаат тоалетна хартија и сапун и телевизор во боја со делечински управувач.  Рецепцијата треба да работи најмалку 8 часа, а на рецепција треба да има факс и телефон за употреба. Појадок мора да се послужува во хотелот, исто така и пијалоци треба да бидат достапни во текот на целиот ден, секако не бесплатно.

2*

Таканаречените стандард хотели имаат 2 ѕвезди. Треба да поседуваат се што е набројано во претходната категорија, плус – на појадокот да има шведска маса, покрај креветот во собата да има мало шкафче и светло за читање, како и во собата да има плакар за гардероба. Во купатилата освен сапун треба да има и гел за туширање, пешкири и нешто од прибор за хигиена. На рецепцијата – освен факс и телефон ваквите хотели мора да имаат можност за плаќање со кредитна картичка.

 3*

Ова е категорија на т.н конфорт хотели. Сите услови кои важат за хотелите со 1 и 2 ѕвезди треба да бидат веќе задоволени, а дополнителни услови се – рецепцијата мора да работи најмалку 14 часа дневно, а персоналот вработен на рецепција мора да зборува барем еден странски јазик. Покрај рецепцијата мора да има најмалку три фотељи за седење и можност за оставање на багажот. секоја соба мора да има мини-бар, телефон и пристап до интернет. Во тоалетите освен средства за хигиена мора да има и фен. Дополнително, во собата треба да има и сет за шиење, сет за чистење чевли и можност за давање на облеката на перење и пеглање.

4*

Познати како хотели „клас“, овие хотели треба да поседуваат се што е претходно наведено и дополнително – рецепцијата да работи 24 часа, а рацепционерите да зборуваат најмалку еден странски јазик. Фоалјето освен гарнитури за седење мора да има и простор каде гостите ќе можат да се напијат пијалак. Мора да постои можност за појадок во соба и достава на храна во соба за гостите, а минибарот треба секогаш да биде полн. Собите мора да содржат и фотелја и кауч и мало столче. Бањарка и папучки мора да има во секоја соба за секој гостин. Тоалетот треба да содржи и капа за туширање, козметичко огледало и дополнителни производи за нега. Хотелите со 4*  освен сала за појадок, мора да имаат и ресторан кој работи седум дена во неделата.

5*

Хотелите со 5 ѕвезди се викаат луксузни, во нив рецепцијата работи 24 часа, а на гостите на располагање треба да биде вратарот кој ги дочекува и лице задолжено за паркирање на автомобилите. Во ваквите хотели на гостите им се носи багажот до собата и таа услуга треба да е бесплатна. Фоајето мора да е широко, со простор за седење и со бар. Секој гостин при пристигнувањето во хотелот во собата треба да го пречека свежо цвеќе, пијалок или некаков друг подарок за добредојде. Во собите мора да има и сеф и супербрз интернет. Сервисот за пеглање мора да ви ја врати облеката најмногу за еден час.

7*

Ова е категорија на суперлускузни хотели и треба да ви ги задоволат сите желби како гостин. Прв ваков хотел кој заслужи седум ѕвездички беше Burj Al Arab во Дубаи, отворен во 1998. Тешко е да се каже кои се условите хотелот да добие седум ѕвездички, зашто не постојат пишани правила, освен хотелот навистина да „блеска“ од луксуз, да доминира во него дизајнерски мебел, да се служат врвни пијалаци и храна…, накусо гостите да се третираат како кралеви.

x

Check Also

Ова се најскапите улици за шопинг во светот

Миланската позната шопинг улица Виа Монтенаполеоне (13.500 евра за квадратен метар) е ...