Сличностите на мајките и ќерките понекогаш се суптилни, но во овој случај се акцентирани со суперслатката детска колекција на Долче и Габана.
Главниот слоган на новата кампања за детската колекција на Д&Г е „каква мајка, таква ќерка“.
Станува збор за детски модели инспирирани од женската колекција за сезоната есен/зима 2014/2015 година лансирана од славната креаторска двојка. Идејата е вашата ќерка да ја облечете исто како вас и така да добиете една модна „мини ми“ варијанта.
Прекрасно, нели?