Каква порака испраќа црвениот фустан?

Научниците тврдат дека црвениот фустан навистина испраќа порака дека личноста која го носи сака да биде заведена.

fustan 1

Неодамнешните истражувања покажаа дека жените во овулација најчесто несвесно избираат црвена облека за да го привлечат партнерот.

Не е точно утврдено зошто мажите сметаат дека црвениот фустан е секси, но научниците претпоставуваат дека црвената боја кај нив го буди „животинскиот инстинкт“.

„Фасцинантно е што нешто толку сеприсутно и секојдневно како што се боите може да влијае на нашата психа и на однесувањето“, вели професорот по психологија Ендрју Елиот.

Канадските истражувачи во истражувањето вклучиле 124 жени кои требале да изберат фустани во најразлични понудени бои. На прашањето колку дена поминале од нивната последна менструација се докажало дека дамите кои биле во плодни денови го избрале токму црвениот фустан.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...