Летото е во полн ек за светските супермодели кои се одмораат на различни делови од светот.
Емили Ратајковски и Џиџи Хадид моментно се одмораат во Грција кадешто еден нов, луксузен ресорт им платил да се појават како вип гости и да го промовираат по социјалните мрежи.
Ратајковски во меѓувреме го лансираше и сопствениот бренд на костими за капење насловен Инамората, кој неуморно го рекламира на Инстаграм. Меѓу различните модели на костими за капење, впечатлив е трендовскиот костим со точки. Костим со точки одбра да носи и ангелот на Викторија сикрет, Елза Хоск.
И Кендал Џенер има своја колекција на костими за капење кои ги дизајнирала со сестра и Кајли. Од таа колекција го истакна жолтиот дводелен модел со висок струк. Бела Хадид пак, го продолжува трендот на 90-те, па за одморот во Монако го носеше ретро костимот од Диор.
Во фотогалеријата погледнете какви костими за капење носат топ моделите ова лето.
- Хејли Болдвин
- Алесандра Амброзио
- Наташа Поли
- Емили Ратајковски
- Каја Гербер
- Стела Максвел
- Џиџи Хадид
- Бела Хадид
- Бела Хадид
- Кендал Џенер
- Кендал Џенер
- Елза Хоск