Какви летни чевли носи? Таков е.

Според чевлите што ги носи во жешката сезона, откријте го неговиот карактер.

cevli 3

Носи јапонки? Ако вам ви се брза, нему воопшто не. Станува збор за спокоен тип кој не се оптоварува со изгледот ниту пак бара од вас да бидете супермодерни туку забавни и релаксирани.

cevli 2Мажот со елегантни чевли среде лето сигурно е опседнат со работата. Знае што сака, дефиниран е и стабилен. Но ако чевлите имаат многу детали на себе тогаш внимавајте, станува збор за опасен играч.

Ако носи старки секако има уметничка душа. Ако старките се црвени или сини – тој е романтичен тип, ако се бели или црни станува збор за маж кој порано бил вистински фраер ама сега морал да порасне. Ако се старките розови или зелени сепак станува збор за фолирант.

cevli 4

Носи мокасини? Ужива во задоволствата, шармантен е и знае да заведува, но брзо се заситува од врските.

Ви изгледа како да се вратил од тенис со патиките на себе? Колку патиките се помодерни толку и тој е поитар. На овие мажи тешко може да им се верува зашто се превртливи, особено во емоциите. Но ако патиките не се тенис –патики, туку обични, лежерни и без нагласување на марката, се работи за ноншалантен тип на кој може да му верувате, сериозен, стабилен и подготвен за врска. Ако сепак носи патики во комбинација со костум тогаш се работи за мрзелив тип, незаинтересиран за ништо па ни за вас.

Мажот во сандали е чувствителен, романтичен и многу добар. Модните трендови не го интересираат, туку карактерот на личноста. Но ако ги носи со чорапи, поарно бегајте на време.

 

x

Check Also

Златни можности со златна картичка на Халкбанк

Поседувањето и користењето кредитна картичка е огромна предност која со себе носи ...