Какви модни парчиња ни носи Зара за почетокот на есента

Модната марка Зара ја претстави колекцијата со која ја најавува есента. Едиторијалот е насловен City Lights, а содржи некои од трендовските модни парчиња кои ќе се носат во постудените денови.

Фустани со нагласен струк, палта во силни бои, и високи чизми со набори кои ќе бидат маст-хев за есента. Освен фустани со нагласени раменици ќе се носат и асиметрични кроеви.

Од боите пак, доминираат темноцрвената, темнозелената и темносината, но незаобиколни се и жолтите и портокаловите модели.

Во продолжение, погледнете го новиот моден водич на Зара.

x

Check Also

Фолтин на минусни температури ја собра Битола на Зимска приказна

Синоќа во Битола со големиот концерт на Фолтин започна “Зимска приказна” проект ...