Какви промени ќе донесе ретроградниот Нептун на хороскопските знаци

На 21ви јуни, планетата Нептун започнувања со ретроградно движење и носи значајни промени.

Нептун ја симболизира мистичноста, духовноста и спиритуалноста. Делувањето на Нептун ја поттикнува романтичноста и уметноста. Еднаш во годината има ретроградно движење и така останува неколку месеци. Од 21ви јуни до 27ми ноември Нептун ќе биде ретрограден и ќе донесе значајни промени за сите хороскопски знаци.

Кога Нетун ќе се движи ретроградно со себе ќе донесе промени во различни апсекти на животот. Пред се, сите хороскопски знаци ќе ја покажат својата мистична и нуметничка страна. Фантазијата ќе биде нагласена и сонувањето со отворени очи. Во некои мигови ќе биде нагласена пречувствителноста. Затоа, обидете се да ги избегнувате депресивните состојби и што помалку да размислувате за тоа што ви недостига, зашто не е се онака како што сте планирале…

Периодот на ретрограден Нептун носи нестабилни размислувања и конфузија. Во овој период добро е да се оддалечите од сите кои ви ја црпат енергијата. Со оглед на тоа дека Нептун владее со идеализацијата, а во ретроградното движење таа ја нагласува, обидете се да не барате ништо совршено. Обично во овој период живееме во заблуда, веруваме во соништата и илузиите, а бегаме од вистината. Но, кога Нептун пак, ќе тргне со нормално движење, ќе се удриме со главата во ѕид и ќе сфатиме дека се во што до сега верувавме е само фантазија.

Затоа обидете се во овие месеци што потрезвено да размислувате.

Обидете се да ги контролирате фантазиите и премногу да не им се препуштате. Обрнете внимание на луѓето кои ве опкружуваат и искористете го ретроградното делување на Нептун за креирање – во овој период секој може да биде уметник.

x

Check Also

Кара Дел Торо позира во костими за капење од летната колекција на YAMAMAY

Со спонтана фотосесија направена на италијанското крајбрежје, моделот Кара Дел Торо ги ...