Какво име да му дадете на вашето бебенце според астролошкиот знак

Какво име да му дадете на вашето бебенце родено во еден од 12-те астролошки знаци, водејќи се според заштитниците на Зодијакот. Еве, инспирација.

Овен – Марко, Мартина, Марта

За бебенце од машки пол роден во знакот на Овен, вистинското име треба да биде Марко. Марко всушност значи „посветен на богот Марс“ , а Марс всушност е планетата која владее со знакот на Овен. Вашето бебенце ќе биде многу борбено и полно со енергија, исто каков што е Марс кој го заштитува. За девојчињата пак, родени во знакот на Овен, идеално име е Мартина (Марс доаѓа од латинското Марте), како и Марта.

Бик – Габриел, Габриела

Габриел, односно Габриела, на хебрејски значи „силен човек“, но и „бог“. Нема сомнеж дека родените во знакот на Бик се надарени со речиси божествена снага – станува збор за знак кој секогаш покажува постојаност, моќност и капацитет.

Близнаци – Томи, Томе, Софија, Дана

Очекувате бебе кое ќе се роди во знакот на Близнаци? Без двоумење дајте му го името Томи или Томе. Зошто? Името Том(ас) потекнува од арамејски јазик и значи „близнак“! Ако пак, сакате да му да дадете меѓународен тон, може да се одлучите за варијантата  Томас. Планетата Меркур која раководи со Близнаците е и заштитник на интелегенцијата, со која што се надарени. Дана е персиски збор за мудрост, па е и идеално име за девојчето родено во овој знак, како и името Софија (мудрост).

Рак – Давид, Луна, Лиле

Момченце родено во знак на Рак ќе биде пресладок син, многу сакано и најчесто, многу поврзано со мајкаси. Вистинското име за него би требало да биде Давид, кое доаѓа од хебрејското “сакан“. Додека, за девојченцата родени во знакот на Рак, со кој раководи Месечината, идеално име е Луна (месечина) и Лиле (воден цвет кој никнува во јули).

Лав – Лав, Леонардо, Светлана

Какво име да му дадете на момченцето родено во знакот Лав? Па, секако, Лав! Или пак, Леонардо. Леонардо вусшност е составено од два збора – „лео“ (лав) и „нардо“ (силен, бестрашен). Со знакот Лав владее планетата Сонце, па за девојченцата најсоодветно име би било Светле, Светлана.

Девица – Ѓорѓи, Панде, Емилија, Катерина

Девицата е втор земјен знак во Зодијакот.  Десетици богови ја чуваат земјата и природата, а меѓу нив најпопуларни се Церер, Флора, Артио, Пан (во макдонска верзија може да биде името Панде) и Фреја. Џорџ, односно Ѓорѓи е најпопуларно име кое доаѓа од зборот „управувач со земјата“, па можете да сметате дека Ѓорѓи (Георги) е идеално име за вашето момченце родено во овој знак. За девојчињата –  Георгијана, но и Емилија (скромност, која е главна карактеристика на Девиците) и Катерина (чистина, која ги означува Девиците). Секако и Флора, според божицата која владее со земјата.

Вага – Оливер, Ромео, Венера, Валентина

Ромео (од Шекспир, кој е асоцијација за љубов) е одлично име за момченцата родени во Вага, како и Оливер што доаѓа од маслиново дрво (симбол на мирот). Ако сакате интернационално име, тогаш без двоумење треба вашето момченце или девојченце да го крстите Федерик(о) – бог на мирот, или Федерика, име што значи „оној кој е моќен со спокојноста и мирот“, а знакот Вага е токму таков. За девојчињата Ваги преубаво решение може да биде името Венера, бидејќи планетата Венера е заштитничка на Вагите. Валентина (што значи љубов) е подеднакво совршено име. И уште еден совет за девојченцата – Ана и Анја се исто така прекрасни имиња за овој знак, а доаѓаат од „грацилност“.

Шкорпија – Мауро, Серафим, Кали, Лејла

Вашето бебенце е родено во Шкорпија? Подгответе се, ќе биде сладок предизик. Шкорпијата е најтемен знак во Зодијакот, па може да го крстите Мауро што доаѓа од грчкото „темно“. Серафим (оган) е исто така совршено име. За девојченцата најсоодветно име е Кали (божица на темнината) или Лејла (убавица од темнината).

Стрелец – Павле, Павлина

Павле е идеално име за вашето момченце родено во знакот на Стрелец, а Павлина- за девојчиња. Доаѓа од латинското Паоло што значи млад. А, Стрелецот е знак кој никогаш не старее, родените во овој знак се вечни млади луѓе подготвени за забава и патување.

Јарец – Алберт, Алберта, Петра

Знакот Јарец се карактеризира со огромна амбиција и со желба да ги освои сите „врвови“ во животот. Ако вашето бебенце е родено во овој знак, совршено име за него би било Алберт, што значи „многу познат, многу влијателен“. За девојчињата одлична верзија е Алберта, но и Петра што значи камен, каков што е и непобедлив и силен знакот Јарец.

Водолија – Симон, Симона, Виолета

Како да го крстите вашето бебенце родено во овој знак? Симон (слушател, карактеристично за Водолиите), Дермот или Франко (со исто значење – слободен човек), зашто со Водолиите владее планетата Уран, планетата на ослободувањето и промените. Женска варијанта – Симона. Но и Фрида (слободна), како и Виолета (аметист, заштитниот камен на Водолиите).

Риби – Ангел, Ангела

Малечките родени во Риби се слатки и чувствителни, многу емотивни, па затоа се и волшебни. Па, какво име да им дадете, ако не Ангел, односно Ангела, што значи носач на порака и ангел.

x

Check Also

Нова колекција на венчаници од Carolina Herrera

Каролина Херера ја лансираше новата колекција на венчаници дизајнирани за сезоната есен/зима ...