Какво вино со какво сирење „оди“ – совршени парови

Кравјото, овчото, козјото или мешаното сирење, тврдо или меко, младо или старо – тоа е совршен партнер на виното, бело или црвено, суво или слатко, ароматично или не, младо или „отстоено“, пенливо или мирно.

За страсно да се „бакнат“ сирењето и виното, за да го извлечеме максимумот од овој пар, од секој поединечно, потребно е да следиме неколку правила. Прво, треба зрелоста на виното да биде во хармонија со зрелоста на сирењето. Второ, треба да се совпадне интензитетот на нивните миризби и вкусови. Младите сирења содржат повеќе вода и имаат понежна млечна структура и нив најдобро им одговараат свежите бели или црвени вина со овошна арома, сувите розе вина и лесни суви пенливи вина.

Класична француска комбинација се козјото сирење и младиот sauvignon blanc, додека Италијанците истото вино ќе го посчужат со моцарела.

Старите сирења со посилен и побогат вкус поинаку ги спаруваме. На пример, полномасните меки сирења, какви што се сирењата бри или камемберт, се послужуваат со црн Пинот или со посилни пенливи вина.

Тврдите сирења како ементалер се послатки па оттука најдобро се „бакнуваат“ со лесни црвени вина со овошне вкус. Плавите сирења од типот на горгонзола или рокфорт ги сакаат црвените вина Мерлот.

На сирењата гауди и едамер им одговараат вината Ризлинг и Траминец со помал остаток на шеќер бидејќи соленото и слаткото убаво се сложуваат во спарувањето на храна и вино.

На тврдото сирење пармезан одлично му одговараат силните вина од типот на cabernet sauvignon.

Сирењето често се послужува со овошје и при тоа треба да се следат правилата на спарувањето со виното. На младите сирења им одговара сочно овошје. На солените сирења – слатко и суво овошје, додека на тврдите сирења – овошје со интензивна миризба. Играта со сирењето, овошјето и виното е прекрасна и возбудлива. Исто како и водењето љубов бара малку фантазија и вежбање, но дава големо задоволство.

x

Check Also

УЛОВЕН МИЛИОНОТ ОД ИНСТАНТ ЛОЗОТ ЗЛАТНА РИПКА ВО ПРИЛЕП

Инстант лозот Златна Рипка и во својата 6та серија продолжува да радува ...